Компанијата зазема лидерска позиција на домашниот пазар во развојот и понуда на широка палета нови, иновативни додатоци на исхраната, кои ги следат актуелните светски пазарни трендови, современите научни сознанија и здравствените потреби и предизвици на нашите граѓани и луѓето во целина. Нашата пракса вклучува редовно анализирање на пазарот и потрошувачите, следење и примена на најновите научни откритија во сегментот на медицина на животен стил, нутриционизмот, фитотерапијата и функционалната храна, набавка на специфични суровини со исклучителен квалитет од реномирани добавувачи од земјата и светот, со цел развој на софистицирани формули за производство на додатоци на исхраната кои докажано помагаат во превенцијата и третманот на широк спектар заболувања, односно одржување и подобрување на здравјето на потрошувачите.
Создадовме модерен производен погон, со современа опрема за производство на иновативни додатоци на исхраната во форма на уникатни екстракти, капсули, таблети и функционални напитоци, додека развиените производи се под постојана контрола од страна на релевантните национални институции за стандардизација, безбедност и квалитет. NATURA THERAPY обединува тим на експерти со повеќегодишно професионално искуство и релевантно образование во технологијата и производството, медицината и нутриционизмот, со докажани менаџери во областа на управувањето, маркетингот и односите со јавноста, здружени и силно посветени на мисијата на компанијата.