Мени
Your Cart

Нервен систем - 1

Нервен систем
Brain Protect 30cps  - суплемент за мемориja и концентрациja
-45 %
Brain Protect е додаток на исхраната кој содржи Bacopin®, Centilin®, екстракт од медицинска печурка Лавја Грива, растителни екстракти и Б витамини, во комбинација со Bioperine® и е неменет за ефикасна поддршка за неврокогнитивните функции на мозокот и меморијата. Содржи Bacopin® и Centellin® - ..
495.00Ден 895.00Ден
Без данок:495.00Ден
Brain Protect (2+1)  - суплемент за мемориja и концентрациja
-19 %
Сетот Brain Protect 2+1 е неменет за ефикасна поддршка за неврокогнитивните функции на мозокот и меморијата.   Производот BRAIN PROTECT содржи специфични растителни екстракти Bacopin® и Centellin® кои се стандардизирани и имаат клинички докажани ефикасност; Обезбедува синергистичко д..
1,790.00Ден 2,200.00Ден
Без данок:1,790.00Ден
Bilberry Extract - препарат за антиоксидантска заштита
-30 %
Екстрактот од дива боровинка е додаток на исхраната направен од диви, планински боровинки богати со специфични антиоксиданти (антоцијанини).Пакување: 60 капсули, (1000мг екстракт од дива боровинка), пластично пакување.Дозирање и начин на употреба: се зема по 1 капсула, еднаш до два па..
193.00Ден 275.00Ден
Без данок:193.00Ден
Екстрактот од нони е природен додаток на исхраната кој содржи концентриран сок од нони, богат докажан извор на над 200 полифеноли и други уникатни биоактивни молекули кои ја стимулираат продукцијата на азотен моноксид и имаат бројни здравствени продобивки на организмот на човекот.Пакување: пластични..
1,095.00Ден
Без данок:1,095.00Ден
Прикажани 1 до 4 од 4 (1 страни)

Нервен систем

Како секојдневниот живот влијае на мозокот?

Секој ден нашиот мозок процесира и до 70.000 мисли употребувајки 100 милијарди неврони! Меморирањето, расудувањето и процесирањето информации кои ги прави мозокот се крајно комплексни задачи кои бараат добра когнитивна функција и одржано здравје на нервниот систем. За жал, денес брзото и динамично темпо на живот и постојаниот стрес постојано го оптеретуваат нашиот нервен систем и мозокот, а неквалитетната исхрана, како и токсините од животната средина, придонесуваат за оштетувања на невроните (основните клетки на нервниот систем) и нивните врски, како и недостаток на кислород и нутриенти, што доведува до развој на деменција и други дегенеративни промени на мозокот, зголемена појава на вознемиреност - анксиозност, депресија и други нарушувања на психичкото здравје. 

Кои се природните состојки за подобра функција и смирување на нервниот систем и како функционираат?

Научните истражувања од последните децении откриваат и потврдуваат одредени природни средства против вознемиреноста и стресот, кои можат да помогнат во заштита на нервниот систем, како и одржување и подобрување на меморијата и когницијата. Ефикасно, научно докажано дејство за мозокот и нервниот систем имаат:

  • Екстракт од Бакопа (Bacopa monnieri) - растение кое традиционално се употребува во Ајурведската пракса и содржи уникатни состојки Бакозиди, кои даваат заштита за мозокот, ја стимулираат обновата на невроните и создавањето на нови синапси, што директно обезбедува подобрување на когнитивните функции, а докажано ја намалува и вознемиреноста.

  • Екстракт од Готу Кола (Centella Asiatica) - растение кое содржи Тритерпеноиди, обезбедува заштита од развојот на воспаленија во нервниот систем и зголемување на ГАБА - најважен невротрансмитер кој обезбедува спокојство и го смирува физички телото, како и другите невротрансмитери вклучени во процесите  на учење, меморирање, намалување на стресот, смирување и добро расположение.

  • Екстракт од Лавовска грива (Lions mane – lat. Hericium erinaceus) - оваа медицинска печурка содржи широк спектар активни состојки (пред се хериценон и еринацин и др.) важни за заштита и обнова на миелинската обвивка на невроните и подобрување на когницијата.

  • Екстракт од Нони (Morinda Cetrifolia) - растението помага во подобрување на циркулацијата што обезбедува повеќе кислород и нутриенти за клетките од нервниот систем.

Мозокот и невроните се подложни на оксидативен стрес – оштетување од страна на слободните радикали и токсините, што последователно доведува до постепено намалување на функцијата на мозокот. Затоа се потребни антиоксидансите кои се единствени молекули кои обезбедуваат заштита од овие оштетувања! На пример, големо научно докажано антиоксидантско дејство за нервниот систем имаат:

  • шумската боровинка која содржи полифеноли од групата на антоцијанини,

  • листовите на зелениот чај, кои содржат антиоксиданси катекини, пред се EPCG – епигалокатекингалат, 

  • рузмаринот кој содржи рузмаринска киселина,

  • други екстракти од билки кои содржат полифеноли или каретеноиди, 

  • мелатонин - хормон/невротрансмитер кој не само што помага во заспивањето и одржување на сонот туку е и силен антиоксиданс кој заедно со погоренаведените антиоксиданси помага да се неутрализираат штетните слободни радикали кои го оштетуваат клетките од нервниот систем.

Витамини и минерали кои помагаат во одржување на здравјето и заштита на мозокот и нервниот систем

За здравјето на нервниот систем, најзначајни се витамините од Б комплексот (пред се витамините Б2, Б3, Б5 и Б6) – кои се неопходни за одржување на хомеостаза на организмот, создавање на енергија во невроните и заштита од акумулација на хомоцистеин и други штетни материи.

Топ 5 најважни додатоци на исхраната за нервниот систем од Натуратерапи

  1. BRAIN PROTECT - Уникатна комбинација на Bacopin® и Cеntilin® - патентирани стандардизирани екстракти од Бакопа и Готу Кола, заедно со екстракти од лавовска грива, нони, Б витамини, екстракти од боровинка, рузмаринн и зелен чај и црн бибер. Состојките во BRAIN PROTECT се клинички докажани дека даваат заштита на мозочното ткиво од оксидативен стрес, придонесуваат за зајакнување на меморијата и когнитивните функции на мозокот, ја намалуваат анксиозноста, помагаат во учењето и подобрување на расположението.

  2. RESVERATROL COMPLEX - синергија на најмоќниот антиоксидант Ресвератрол во комбинација со екстракти од црно гоџи, зелен чај и лист од маслинка. Овој антиоксидантски комплекс помага во обезбедување заштита за крвните садови во мозокот и целиот организам од оштетувања предизвикани од слободните радикали, со што придонесува за одржување на добрата циркулација во мозокот и исхрана на невроните.

  3. SLEEP MELATONIN - додаток на исхраната кој содржи 3мг мелатонин кој е неопходен за навременото заспивање и одржување на квалитетниот сон, со што помага и во подобра организација на меморијата, како и заштита, чистење и обнова на нервното ткиво во текот на ноќта. 

  4. VITAMIN B6 - овој додаток содржи 10мг витамин Б6 кој е потребен за нормална функција на невротрансмитерите ГАБА, серотонин и допамин, неопходни за смирување и одржување на доброто расположение.

  5. CHOLESTOL COMPLEX - додаток на исхраната со екстракт од ферментиран црвен ориз, фитостероли, екстракт од зелен чај, Грчко семе, лист од маслинка и витамин Б3 кој помага во намалување и одржување на регулирани нивоа на холестерол во крвта. Со тоа производот придонесува да се подобри заштитата и намали ризикот од појава на мозочен удар.

Како да го одберете најдобриот додаток на исхраната за вас?

Кога се работи за вашето здравје одбирајте го само најдоброто. Еве неколку совети како да го одберете најдобриот додаток за исхраната за вас:

  1. Бирајте производ од производител кој го знаете вие, компанија која ја ужива довербата на граѓаните, има центар за грижа на корисници каде можете да се обратите со прашање или забелешка.

  2. Секогаш доколку можете избирајте додатоци на исхраната кои имаат научни, клинички истражувања кои потврдуваат дека тие ќе придонесат во заштита и подобрување на здравјето.

  3. Анализирајте ги состојките во додатокот и барајте производи кои содржат регистрирани, патентирани и докажани состојки.

  4. Консултирајте се со вашиот матичен доктор - препораката од страна на докторот на кого му верувате е секогаш добредојдена.

  5. Прашајте за препорака кај колегите, пријателите или семејството за задоволството од употребата на даден производ.

За крај разбрете, квалитетните додатоци на исхраната кои содржат повеќе состојки, посебна формулација или технолошки процес или докажани патентирани состојки секогаш чинат повеќе, но кога се работи за здравјето најважен треба да ви биде квалитетот, ефикасноста и безбедноста на производот.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).