Регулирање на тежина
Дебелината и вишокот на килограми се проблем за голем дел од нашата популација. Причините за покачената тежина се бројни и комлексни како генетиката, нарушената дигестија и детоксикација, хормонални пореметувања, намалена функција на тироидата а некогаш едноставно се работи за прекумерен внес на висококалорична храна и недостаток од физичка активност. Каква и да е причината, праксата покажува дека слабеењето и враќањето на нормалната или посакуваната тежина е тежок, долготрен процес. Токму затоа примената на одредени додатоци, докажани и безбедни производи може значително да ги подобри напорите за слабеење и да помогне во постигнувањето на посакуваните цели.
Кои се најефикасните средства за слабеење?
Кога станува збор за здраво и правилно слабеење важно е да изберете производи и состојки кои се природни и немаат несакани ефекти. Тоа значи билни екстракти, витамини и минерали кои даваат природна поддршка на метаболизмот и ќе придонесат за ефикасно слабеење. Такви состојки се:
Растителните влакна - Глукомананот и другите недигестибилни растителни влакна (фибер) ја успоруваат дигестијата на храната во дигестивниот тракт на човекот, со што ја намалуваат апсорпцијата на калории, пред се од мастите и шеќерите, а со помалиот калориски внес пополека со тек на времето се постигнува и слабеење. Дополнително тие ги исполнуваат желудникот и цревата и даваат едно чувство на ситост, па така ќе имате помал апетит и помалку потреба од постојан внес на храна.
Екстракти од зелено кафе и јаболков оцет - го забрзуваат метаболизмот и го зголемуваат термогениот ефект во телото со што се стимулира топењето на масти и поефикасна елиминација на отпадните материи од црниот дроб и цревата, со што помагаат во намалувањето на килограмите.
Екстракт од цимет - помага да се намали дигестијата и апсорпцијата на шеќерите, со тоа и да се намали гликемискиот удел на храната, а заедно и со минералот хром, екстрактот од цимет помага и да се подобри дистрибуцијата и искористувањето на гликозата во клетките. Со тоа се намалува претварањето на шеќери во масти и нивното складирање и се зголемува продукцијата и потрошувачката на енергија во телото, што го олеснува слабеењето.
Л-Карнитин - помага да се подобри искористувањето и согорувањето на мастите за добивање на енергија во клетките.
Л-Аргинин, екстракт од гуарана, како и зеленото кафе ја подобруваат продукцијата на енергија во организмот, со што се подобрува физичкиот тренинг и вежбањето, а со се забрзува самото согорување на калориите и намалувањето на тежината.
Протеини - редовниот, оптимален внес на протеини ја регулира ситоста и спречува неконтролиран внес на шеќери со исхраната. Тие се клучни како за изградба и одржување на мускулното ткиво, кое е метаболно најактивно, троши најмногу калории и помага во намалување на тежината.
Како да ги користите додатоците за слабеење?
Додатоците за слабеење се производи кои можат да направат многу и значително да го олеснат и подобрат процесот на слабеење, но само доколку ги употребуваме правилно и во склоп на севкупни промени во начинот на живот и исхрана.
Важно е да се применуваат редовно, доследно и согласно дадените препораки, пред или после оброкот, со повеќе вода итн, бидејки само така можат да дадат максимален ефект. На пример Глукомананот е способен да врзе вода до 50 пати повеќе од сопствената тежина. Тоа значи дека на пример со земањето на производи кои содржат Глукоманан неопходно е да се конзумира повеќе вода за да се направи поголема маса во стомакот која ќе даде поголема ситост подолго време, поголемо влијание на дигестијата и поголеми ефекти.
Производи кои содржат состојки како Л-Аргининот, Л-Карнитиот, Гуараната, зеленото кафе и други имаат најголем метаболен ефект доколку се употребуваат во комбинација со физичка активност, фитнес, трчање, пливање и сл.
Заедно со додатоците на исхраната применувајте здрава исхрана, во која ќе внесувате повеќе зеленчук и овошје, а ќе ги елиминирате, или барем значително намалите засладените напитоци, кондиторските производи кои се полни со шеќер (пред се готови-купени производи како колачи, кроасани, наполитанки, кекси, чоколади и др.) како и белите пецивата и тестенините.
Природни производи: здрав начин за губење на килограм
Употребата на природни производи за намалувањето на килограмите е сигурен и безбеден начин да го подобрите метаболизмот, дигестијата, детоксикацијата и контролата на калорискиот внес што значително ќе го олесни и ќе го забрза процесот на слабеење. Конкретно, со природните додатоци можете да го забрзате и активирате метаболизмот, со што на природен начин ќе си помогнете и ќе ја подобрите регулацијата на шеќерите, исто така можете да го стимулирате топењето и трошењето на мастите, да го контролирате апетитот, да ја олесните дигестијата и перисталтиката, а со тоа и навременото исфрлање на отпадните материи од телото, што повторно придонесува за подобра регулација на тежината и слабеење. Многу често животниот стил, лошата исхрана па дури и генетските предиспозиции можат неповолно да се одразат на метаболизмот и да го блокираат или успорат процесот на елиминација на вишокот масти. Токму затоа употребата на одредени витамини и природни производи е добар и препорачан начин од страна на нутриционистичкиот тим на Натура Терапи за полесно остварување на целите кон подобро регулирана тежина.
Како да изберете најдобри додатоци за слабеење за вашите потреби?
Во зависност од вашиот животен стил, можноста и желбата за вежбање, активноста на метаболизмот и нивото на контрола на внесот на храна, стручниот нутриционистички тим од Натура Терапи ви ги препорачува следните природни производи за намалување на вишокот килограми и одржување на тежината:
SLIM PROTECT - комбинација на екстракт од зелено кафе, цимет и јаболков оцет во вид на капсули за ефикасно активирање на метаболизмот, топењето на мастите и контрола на калорискиот внес.
SLIM FIBER - капсули со Глукоманан, за контрола на гладта, долготрајно чувство на ситост и навремено чистење на цревата. Најголем ефект има кога се користат како дуален систем на производи заедно со SLIM COMPLEX.
DIET SHAKE - нискокалоричен заменски оброк, богат со растителни влакна и протеини за контрола и намалување на тежината. Во само една доза овој нискокалоричен производ (содржи само 200 кКал), содржи 26 грама протеин, 12 витамини, 4 минерали и достапен е во 3 одлични вкуса на чоколада, ванила и јагода.
DIET SHOTS - сируп со Л-Аргнин, Л-Карнитин, екстракти од зелено кафе, гуаран и други активни состојки кој помага да се подобри продукцијата на енергија, и трошењето на мастите, за време на физичка активност.