Мени
Your Cart

Spirulina

Spirulina
Spirulina
-72 %
Spirulina
Spirulina
Payment methods

Spirulina

Prostatol Complex

  • Природно решение за заштита на простатата и најдобра формула за поддршка на зголемената простата
  • Уникатно синергистичко дејство на дури 7 активни состојки
  • 100% природен состав, не содржи ГМО, глутен, соја, ни млеко
  • Над 10.000 задоволни корисници потврдија дека помага во елиминација на симптомите на зголемена простата
  • Безбеден и без несакани ефекти и при продолжена употреба

Одберете количина

Опис  Пакување: 100 таблети, пластично пакување. Дозирање и начин на употреба: 4 до 8 таблети на ден; Спирулина е додаток на исхраната кој содржи 240мг од сино-зелената алга Спирулина (Arthrospira platensis) во прав, како извор на широк спектар нутриенти и специфични елементи кои се ..
99.00Ден
350.00Ден
Без данок: 99.00Ден
  • Залиха: Во залиха
  • Reward Points: 100
  • Модел: SPIRULINA

Пакување: 100 таблети, пластично пакување.

Дозирање и начин на употреба: 4 до 8 таблети на ден;

Спирулина е додаток на исхраната кој содржи 240мг од сино-зелената алга Спирулина (Arthrospira platensis) во прав, како извор на широк спектар нутриенти и специфични елементи кои се неопходни за детоксикација, за крвните клетки и метаболизмот во целина.

Редовната употреба на Спирулина овозможува внесување на:

• јод, магнезиум, железо, калиум и други минерали и елементи во траги кои се важни за продукцијата на хемоглобин и подобрување на квалитетот и функцијата на црвените крвни клетки, продукцијата на тироидни хормони и учествуваат како клучни кофактори во голем број витални метаболни процеси;

• хлорофил, фикоцијанин, супероксид дизмутаза и други антиоксиданти кои се важни за неутрализирање на штетното дејство од страна на слободните радикали (заштита на клетките од оштетувањата од слободните радикали);

• уникатни елементи кои се способни за врзување на токсините во дигестивниот тракт и ја подобруваат елиминацијата на токсини од цревата.

Препаратот е наменет на сите кои сакаат и имаат потреба од подобрена детоксикација на организмот, црниот дроб и цревата, елиминација на кандида и паразити, лица со анемија и потреба од зајакнување на крвта и подобрување на продукцијата на крвни клетки и циркулацијата, за лица со ослабнат имунитет и потреба од подобрена антиоксидативна заштита.

Прочитај повеќе

Спирулината е сино-зелена алга која со векови на далечниот исток се користи во исхраната и медицината за одржување и подобрување на здравјето и при третманот на многу болести. Се нарекува супер храна бидејки има неверојатен нутритивен профил, односно изобилува со широк спекатар многу важни нутриенти. Пред се таа е одличен извор на протеини, содржи добри концентрации на Омега 6 и многу важните Омега 3 масни киселини, одличен извор на Бакар, Железо, Манган, Магнезиум и помали количини Цинк, Калциум, Фосфор и Селен, одличен извор на витамините Б1, Б2, Б3, добар извор на Б5, К и Е а содржи и Б9, Б6, А и Ц. Спирулината исто така содржи исклучително значајни фитонутриенти како бета-каротени, зеаксантин и високи концентрации фикоцијанин, супероксид дизмутаза (многу моќен ензим со антиоксидативно дејство), Гама-Линоленска киселина (есенцијална масна киселина) и сулфолипиди.

Фикоцијанинот е уникатен антиоксидант кој е карактеристичен само за алгите/спирулината (зафаќа околу 16% од вкупната тежина на спирулината) и согласно научните истражувања тој може да игра улога во регенерацијата на матичните клетки, продукцијата на црвени и бели крвни зрнца (еритроцити и леукоцити) во коскената срцевина, а како антиоксидант во човечкиот организам се претвара во фикоцијанорубин и значително помага во превенција од оксидативниот стрес на крвните садови.

Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).