Мени
Your Cart

Дијабетес - 2

Дијабетес

Нема производи во оваа категорија.

Дијабетес

Скоро 200.000 граѓани на нашата земја страдаат од дијабет или кај народот позната како шеќерна болест, состојба која сериозно го загрозува здравјето и функцијата на крвните садови очите, бубрезите и нервите, а претставува голем ризик и од појавата на инфаркт, мозочен удар, деменција и други болести. Лицата со дијабетес користат многу време и одвојуваат средства за прегледи, апарати и анализи за мерење на шеќерот и ја применуваат пропишаната стандардна терапија се со цел воспоставување на добра контрола на шеќерот. Но и покрај стандардната терапија, таблетарна или со инсулин, голем број на лица со дијабетес не успеваат да воспостават стабилна контрола на гликемијата (нивоата на шеќер во крвта) поради што потребата од употреба на дополнителни производи за дијабетичари, како витамини и други додатоци на исхраната е уште поголема и може значително да помогне во подобрување на контролата на шеќерот и заштитата на организмот од несаканите последици.

Што е дијабетес и како додатоците на исхрана можат да помогнат?

Дијабетесот (дијабетес мелитус) е метаболно заболување на организмот во кое е нарушено искористувањето на гликозата од крвотокот од страна на клетките, односно дистрибуција на гликозата внатре во самите клетки каде таа се користи за создавање на енергија и извршување на сите животни процеси. Неможноста ефикасно да се внесе гликозата во клетките се јавува поради недостаток на инсулин или неефикасност на инсулинот, состојба на таканаречена инсулинска резистенција при која поради оштетување на клеточните мембрани, инсулинските рецептори или самите молекули на инсулин е намалена ефикасноста на врзување на инсулинот, и отварање на каналите со кои се овозможува внес и искористување на гликозата. Постојат 2 основни видови на дијабетес:

  • тип 1 или инсулинско зависен дијабетес кај кој поради автоимуно оштетување на панкреасот тој не лачи инсулин и 

  • тип 2 дијабетес, кој е многу почест и се должи едноставно на постепен развој на инсулинска резистенција и неможност телото да го искористи инсулинот за навремена дистрибуција на шеќерот. Значи панкреасот лачи инсулин, но тој не успева да го внесе шеќерот во клетките.


Секогаш кога гликозата од крвотокот не може навремено да се дистрибуира внатре во клетките, таа во крвотокот формира слободни радикали, високореактивни молекули кои директно ги оштетуваат молекулите од нашето тело, пред се молекулите од клеточните мембрани, внаре во крвните садови поради што се јавуваат и повеќе кардиоваскуларни болести и оштетувања на повеќе органи. Стандардните лекови за дијабет имаат само неколку механизми на дејство со кои помагаат во регулацијата на шеќерот, но не успеваат секогаш да обезбедат добра контрола, нити пак делуваат на заштитата на крвните садови од покачениот шеќер. Токму затоа се потребни суплементите, кои можат комплементарно да помогнат во подобрување на регулацијата на други начини, пред се во:

  • намалување на инсулинската резистенција, 

  • подобрена апсорпција на гликозата, 

  • намалување на гликемискиот удел на храната со намалена абсорпција на шеќерите и 

  • заштита на крвните садови од штетните гликациски радикали.

Придобивки за дијабетичарите од природни производи

Постојат многу научни докази, вклучувајки и клинички студии дека употребата на додатоци на исхраната кај лицa со дијабетес дава многубројни придобивки. А најважните придобивки за здравјето се:

  • Подобрување на инсулинската чувствителност (се подобрува врзувањето на инсулинот за рецепторите на клетките и се овозможува шеќерот да влезе),

  • Се стимулира продукцијата, складираењто и ослободувањето на инсулин од страна на панкреасот,

  • Се спречува и намалува оксидативниот стрес на клетките од внатрепната обвивка на крвните садови, со што се намалува нивното оштетување и развојот на болести на крвните садови, како атеросклероза, висок притисок и тромбоза,

  • Се спречува и намалува ошттеувањето на нервите, особено периферните нерви и развојот на дијабтична невропатија.

Како да изберете најдобри додатоци за дијабетес?

За Тип 1дијабетес

Земајки предвид дека кај овој тип на болеста неопходно е да се зема инсулинска терапија, дополнително на неа најдобро е да се користи додаток со антиоксидантско дејство како:

  1. RESVERATRO COMPLEX - комбинација на чист ресвератрол, екстракти од црно гоџи, извор на антоцијанини, екстракт од зелен чај извор на ЕГЦГ и екстракт од лист од маслинка, извор на олеуропеин, сите 4 моќни антиоксиданти кои помагат да се намали оксидативниот стрес на крвните садови и нервите;

  2. BILBERY EXTRACT - екстракт од дива боровинка, кој благодарение на содржината на полифенолни соединенија - антоцијанини, помага да се намалат оштетувањата од страна на слободните радикали на клетките од крвните садови и може да помогне во заштита на очите, бубрезите, нервите, срцето и мозокот.


За Тип 2 дијабетес

Овде препорачуваме комбинација на додатоци кои директно ќе ја намалат инсулинската резистенција со продукти за антиоксидантска заштита:

  1. DIABETOL FORTE - комбинација на алфа липоична киселина, екстракти од горчлива диња, цимет, цинк и хром. Помага во намалување на инсулинската резистенција и подобрување на ефикасноста на инсулинот, транспотот на гликоза во клетките, намалување на апсорпција на шеќери, подобрување на продукцијата на инсулин и антиоксидативна заштита на крвните садови и заштита на нервите од развој и прогрес на невропатијата.

  2. BITTER MELON EXTRACT - екстракт од горчлива диња кој содржи состојки кои делуваат како растителен инсулин и ја подобруваат неговат функција и транспортот на гликозата во клетките.

  1. RESVERATRO COMPLEX  - ресвератрол комбиниран со екстракти од црно гоџи, зелен чај и лист од маслинка, најдобрата комбинација на антиоксиданти кои ќе ги заштитат крвните садови од оштетувањата кои слободните гликациски радикали кои се јавуваат при дијабетес можат да ги направат.

  2. BILBERY EXTRACT - екстракт од дива боровинка, за антиоксидативна заштита

  3. GREEN TEA EXTRACT - екстракт од зелен чај, за антиоксидативна заштита.


Политика за колачиња
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Со продолжување на користење на сајтот или кликнување на “Во ред” се согласувате со користењето на колачињата и тоа: неопходни колачиња, претпочитани, статистички, маркетиншки, колачиња за перформанси и функционалност и колачиња од социјални медиуми. Некои од овие колачиња се поставени од надворешни провајдери (трети страни).