10 лекови од природата за зајакнување на имунитетот




Важноста на силниот имунитет

Со зајакнување на имунитетот, организмот ја подобрува заштитата и отпорноста од инфекциите предизвикани од микробите. Силниот имунолошки систем ги препознава сите материи, микроорганизми или токсини кои влегуваат во телото, ги разградува и ги уништува оние кои ги смета за штетни. Покрај тоа зајакнувањето на имунитетот ќе го подобри и уништувањето на клетките на ракот, ќе го зголеми нивото на енергија со спречување на акумулација на токсични хемикалии кои ја намалуваат виталноста. Затоа без разлика дали станува збор за возрасни или деца, зајакнување на имунитетот треба да биде приоритет за добро здравје кај секој човек.

10 – те супер засилувачи на одбраната

Семки од грозје – богат извор на антиоксиданси

Дали знаете дека семките од грозје се сметаат како најсилен антиокасиданс на светот? Тие соржат моќни антиоксиданти, проантоцијанидини и се вистинско чудо и не заштитуваат од патогени како бактерии, вируси, а воедно помагаат да се спречат и ги смируваат воспаленијата.

Лук – природен антибиотик

Лукот кој несомнено го има во секој дом традиционално се користи уште од античко време, особено за лекувањето настинки. Алицинот и сулфурот содржани во него можат да  уништат многу бактрии, вируси, габи и паразити. Затоа, лукот е природен лек кој дури може и д аги замени синтетичките антибиотици и може да се користи редовно, како основа за зајакнување на имунитетот.

Шипинка – богата со витамин Ц и антиоксиданси

Шипинката го одржува имунолошкиот систем благодарение на полифенолите и антиоксидансите, а содржи и доста витамини и минерали неопходни за зајакнување на имунитетот. Можеме да ги истакнеме витаминот Ц, ликопенот како и витамините А, Б, Е, К и минералите магнезиум и железо, кои се неопходни за функцијата на имуните клетки и зајакнување на имунитетот.

Куркума – магичен зачин

Куркумата е благодет за нашето целокупно здравје бидејќи има многу хранливи материи во себе. Делува како антиоксиданс, корисна е за спречување на срцеви заболувања,  помага во намалување на воспаленијата, го подобрува здравјето на мозокот, помага за зајакнување на имунитетот, варењето, заштитата од рак, а дејствува и како ефикасен антисептик и природен аналгетик за заштита од инфекции и смирување на болката при воспаленија. Природниот додаток Curcumactiv можете да го нарачате од нашата продавница.

Ехинацеа – поддршка за имунолошкиот систем

Ехинацеа е природен антиоксиданс кој помага при зајакнување на имунитетот, има силно антивирално дејство и помага за полесно справување со болести како грип и настинки. Има позитивни ефекти во лекувањето на воспаленија и инфекции. Го поддржува телото во борбата против многу различни болести како што се инфекции на респираторниот тракт, уринарни инфекција, воспаленија на грло или астма.

Прополис (пчелен прополис) - природна заштита

Прополисот е пчелин производ со многу здравствени придобивките. Тој има антибактериско, антивирусно, антифунгално и антиинфламаторно дејство, со што помага во превенцијата и третманот кај многу инфекции и заболување.

Јагоди – полни со витамини и антиоксиданси

Јагодата е овошје богато со витамини, минерали и многу фитохемикалии, пред се полифеноли и затоа е одличен извор на антиоксиданси. Содржината на манган, витамин Ц, калиум, фолна киселина и други микронутриенти помагаат таа, како и сите останати шумски овошја да дадат значаен придонес во одржувањето на добар имунолошки одговор.

Црн бозел – погоден и за деца

Црниот бозел, чие научно име е Sambucus nigra, е лековито растение кое има исклучително моќни антиоксиданти од групата на антоцијанини со изразено антивирално дејство со кое помага да се спречи врзувањето на вирусите за клетките и нивниот влез во клетките и размножување, на тој начин помага да се спречи развојот на инфекциите предизвикани од вируси, што во последните години се покажа како клучно за зајакнување на имунитетот.

Ѓумбирот - природен имуностимулатор

Ѓумбирот е многу богат со витамин Б6, витамин Ц, калциум, железо, магнезиум, калиум, манган и растителни влакна. Има заштитно дејство особено против болести како настинка, грип и други вирус, благодарение на силните антиинфламаторни својства, антивирусни, антибактериски и антигабични својства кои ќе помогнат во борбата против инфекциите и зајакнување на имунитетот.

Коприва - суперхрана за здравје

Копривата е билка која покрај непосакуваниот изглед и непријатниот допир, сепак изненадува со своите благодети и е важна за зајакнување на имунитетот. Таа е богата со витамини А и Ц, а содржи многу антиоксиданси. Копривата се бори против болестите и го забрзува процесот на заздравување бидејки успешно ги смирува воспаленијата и помага во заздравување на ткивото.

Кога станува збор за зајакнување на имунитетот добро е да ги споменеме и бакарот кој е природен имуностимулатор, пред се важен за формирањето на антитела и бели крвни зрнца, а внесот на храна како семиња, јати, никулци или органско месо ќе ви обезбеди доволно бакар. Потоа спирулината, која е неопходна за спречување на анемии, кои често се јавуваат како последица на инфекции, а содржи и антиоксиданти кои помагаат во обезбедување на заштита, како и сладкиот (портокаловиот) компир, одличен извор на бетакаротен, што претставува провитамин А кој е многу важен за размножување  и правилен развој на имуните клетки, што е неопходно за силен имунолошки одговор.


Што треба да пиеме за да го зајакнеме имунолошкиот систем?

Сите горенаведени природни лекови ќе помогнат во зајакнување на имунитетот, но понекогаш можеби е тешко да се најдат и внесуваат толку различни состојки во секојдневната исхрана. Затоа добро е секогаш да најдете препарат кој одеднаш вклучува широк спектар на важни нутриенти и состојки со познаи и докажани ефекти за имунитетот и здравјето во целина. А за тоа, вистинското решение е МегаМултивитамин ќе ви обезбеди моќни дози на витамини и минерали. Производот е збогатен и со екстракти од пет вида печурки, спирулина, зелен чај, коприва, цитрусни биофлавоноиди, Црно гоџи , калинка, домат и Алое вера. Мега Мултивитамин од Натура Терапи е вистински избор за здравје и добро изграден имунолошки одговор и одбрана во секој период од годината.