15 супер храни за мозокот и нервниот систем


Зошто е важна постојаната грижа за нашиот нервен систем?

Мозокот е орган кој служи како центар на нервниот систем. Како најважен орган кој постојано работи и процесира информации мора да ги прима сите потребни нутриенти за да функционира добро, во спротивно лошата исхрана и токсините доведуваат до постепено оштетување на мозокот, слабеење на меморијата, деменција. За жал со стареењето постепено се успорува и нашиот ум, односно слабее когницијата, но денес научните сознанија денес потврдуваат дека одредени видови храна и состојки може да го заштитат и да му помогнат на мозокот да работи во добра кондиција.

15 супер храни за мозокот:

Спанаќ

Спанаќот содржи многу елементу кои имаат антиканцерогено својство, помагаат за здравјето на крвните садови и не штити од многу други болести, но има големо значење и за нашиот нервен систем. Тој содржи фолати, витамини К и Ц, кои го поддржуваат производството на хормони - нервотрансмитери во, а помага и во проблемите со когницијата и однесувањето.

Ореви

Оревите се важни за менталното здравје. Богати се со здрави масти, фолна киселина, железо и калиум а содржат и магнезиум, цинк, бакар, железо, фосфор и голем број витамини. Нутриентите во оревите помагаат да се зајакне меморијата. Поради изобилството на антиоксиданси, тие помагаат да се спречат болести поврзани со стареење, рак и болести на крвните садови.

Авoкадо

Авокадото е супер храна која е одличен извор на масти и влакна. Исто така содржи многу витамини и минерали, вклучувајќи магнезиум, калиум, Б6, витамин Ц, витамин Е, витамин К и фолати, со што помага во спречување на згрутчување на крвта во крвните садови во главата (заштитува од мозочен удар), како и за подобрување на функциите на мозокот поврзани со меморијата и концентрацијата. 

Риба

Рибата е богата со висококвалитетни протеини, омега-3, јод и витамин Д. Рибата содржи и витамин А и витамини од групата Б, селен и цинк. Масната риба како храна практично е најбогат извор со есенцијалните омега-3 масни киселини, кои се многу важни за развој и функција на нервниот систем и имаат силна врска со намален ризик од многу болести.

Јајца

Јајцата се вистинска „супер храна“. Бидејки содржат многу протеини, витамини и минерали и исклучително важниот холин кој е потребен за создавање на нервотрансмитерот ацетилхолин важен за ефикасен пренос на сигналите меѓу невроните и мускуите и другите органи.

Брокула

Брокулата е храна со висока хранлива вредност и содржи високо ниво на витамини, антиоксиданси и антиканцерогени хранливи материи. Како богат извор на антиоксиданти таа штити од штетните слободни радикали со што придонесува мозочните клетки да се заштитат од оксидативен стрес.

Чиа

Чиата е супер семе и здрава безглутенска храна со висококвалитетни влакна и протеини, богата содржина на витамини, минерали и антиоксиданси. Истражувањата докажаа дека омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во семето чиа се важни за невроните, смируваат воспаленија и создаваат чувство на смиреност и подобар фокус.


Маслиново масло

Маслиновото масло е го подобрува квалитетот на секој вид храна со кој се употребува. Одличен извор е на олеинската, важна омега 9 масна киселина, како и витамини и други полифеноли, соединенија со силно антиоксидантско дејство со што помага да се спречи оксидацијата на молекулите и оксидативниот стрес на мозокот, со што се одржува добрата функција на нервниот систем.

Зелен чај

Зелениот чај содржи амино киселина наречена Л-теанин, која може да ја премине крвно-мозочната бариера. Оваа аминокиселина ја зголемува активноста на невротрансмитерот ГАБА, кој ја спречува анксиозноста и помага во смирување на телото Зелениот чај е исто така извор на катекини, особено полифенолот епигалокатекингалат со кој се штитат клетките од отетувања предизвикани од токсините. Исто така помага во заштитата од болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Куркума

Куркумата извор на куркумин пигмент и познат полифенол која и дава боја на куркумата. Тој исто така може да ја премине крвно-мозочната бариера и да влезе во мозочното ткиво, каде помага да се намали оксидативниот стрес. Новите истражувања покажуваат дека куркуминот го потикнува создавањето на протеинот (BDNF) – невротропичен фактор на раст кој се создава во невроните е важен за нивното создавање, раст и обнова, како и за подобрување на нивната синаптичка активност. На тој начин куркумата придонесува за формирање на нови клетки во мозокот и подобра когниција, како и заштита од формирањето на амилоидните плаки и развојот на воспаленија во мозокот кои предизвикуваат Алцхајмерова болест. Најефикасен начин да се искористат овие неверојатни придобивки на куркумата е со внес на додаток на исхраната со висококонцентриран куркумин и загарантирана апсорпција на активните состојки, што се овозможува со употреба на екстракт од црн бибер. Нашата препорака е препаратот Curcumactiv од Натура Терапи, со C3 Complex и Bioperine со што се овозможува 20 пати подобрена апсорпција и посино дејство на куркуминот.

Боровинки

Исклучително богат извор на антоцијанини, полифеноли кои го даваат познатиот сино-виолетов пигмент. Овие полифеноли исто така ја минуваат крвно мозочната бариера и помагаат во заштитата од оксидативен стрес на клетките во нервниот систем, а особено се значајни за одржување на здравјето и функцијата на очите и очниот нерв.

Во супер храните кои се добри за здравјето на мозокот и нервниот систем може да ги вброиме и тиквичките, заради содржината на цинк и магнезиум во нивните семки, брусницата, која е богата со антиоксиданти, гравот и другите мешунки, богати со калиум и Б витамини важни за функцијаа на нервниот систем, како и какаото кое содржи многу магнезиум за добра циркулација во мозокот и полифеноли за антиоксидативна заштита.

 

Важноста на храната за работата на нервниот систем

Добрата функција на мозокот и нервниот систем зависи од обезбедувањето на потребните витамини, минерали, антиоксиданси, протеини и неопходни масти. Сите овие нутриенти се содржат во храната и внимателниот избор на прехрамбени продукти кои се богати со наведените нутриенти ќе помогнат во одржување и развојот на нервните клетки, создавањето невротрансмитери и добриот пренос насигнали низ нервниот систем, што ќе обезбеди добра меморија, добра когниција, смиреност, концентрација и продуктивност секој ден.