7 ЕФЕКТИВНИ ЧЕКОРИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ! ЗАПОЧНЕТЕ ДЕНЕС!
Што е здраво слабеење?
Здравото слабеење е начин за постигнување на идеална тежина преку креирање урамнотежена исхрана и избор на храна со висока хранлива вредност со цел да се осигураме дека количината на калории што ги внесуваме, не ги надминува метаболните потреби на организмот, а при примена на физичка активност ќе создаде калориски дефицит, што ќе резултира во постепено намалување на телесната тежина.
7 Ефективни чекори за здраво слабеење
Чекор 1: Поставете реални цели
Зошто се важни реалните цели?
Имањето реални цели ви помага да ја дефинирате вашата цел во работата, животот или во овој случај здравото слабеење и ви дава мерлив план и пат за остварување на вашата цел.
Како да креирате значајни цели?
Поставете јасно дефинирана цел.
Преземете акција кон поставените цели.
Направете ги вашите цели видливи.
Бидете во близина на луѓе кои исто така започнале со здраво слабеење.
Водете дневник.
Чекор 2: Променете ја исхраната
Избегнувајте процесирана, претходно обработена храна
Постојат истражувања кои тврдат дека дека процесираната храна е причина за епидемијата на дебелина и хроничните болести, како срцеви заболувања и дијабетес, кои се сè почести. Затоа, доколку сакате здрав начин на живот и здраво слабеење избегнувајте го овој тип на храна.
Зголемете ја потрошувачката на овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се богати со хранливи материи, имаат малку калории и содржат многу растителни влакна. Најголемиот дел од дневните потребни за витамини и минерали можете да ги добиете од зеленчукот и овошјето. Витамините А, Е, Ц и минералите селен и цинк кои се наоѓаат во зелечукот и овошјето се моќни антиоксиданти кои се борат со токсините во телото. Благодарение на растителните влакна тие исто така помагаат одржување на ситоста што е важна за успехот на планот за здраво слабеење.
Заменете ги непотребните масти со здрави масти
Мастите се еден од трите макронутриенти неопходни за оптимална функија на телото - производство на енергија и хормони, апсорпција на витамини, одржување на мембраните итн. Но процесираните, транс мастите како и преголемиот внес на заситени масти го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Затоа, таквите масти треба да ги замените со здрави масти кои доаѓаат од ладно цеденото маслиново масло, свежите семки и јатки.
Контролирајте ги порциите и бројте ги макронутриентите
Контролата на порциите е многу важна во процесот на здраво слабеење затоа што освен правилното јадење, важно е и вистинското количество. Постојат три типа макронутриенти кои содржат калории. Тоа се протеини (4кКал/гр), јаглехидрати(4,1кКал/гр) и масти (9кКал/гр). Вредностите за потребните калории од секој макронутриент потребни за здраво слабеење зависи од повеќе фактори како полот, возраста, големината на телото и поставените цели, но најважно е дека треба да внимавате на порциите, распределбата на макроа и калорискиот.
Додадете протеини и додатоци во исхраната во вашата исхрана
Во целиот овој процес на здраво слабеење не заборавајте да земете помош и од додатни протеини и додатоци за губење на тежината. Доколку не знаете каков суплемент ви е потребен или не можете да се одлучите кој да го земете можете да ги погледнете производите на Натура Терапи и да се обратите на професионалнитот тим на нутриционисти од компанијата кои ќе ви помогнат да го добиете најдоброто за вас.
Чекор 3: Вежбање и физичка активност
Зошто е неопходна физичката активност
Физичката активност го забрзува метаболизмот и согорувањето на калории (од маснотии и шеќери), а воедно ја подобрува и циркулацијата, држењето на телото и здравјето на скелетно-мускулниот систем. Да бидеме реални физичката активност треба да биде интегрален дел од секој план за здраво слабеење.
Кои вежби да се вклучат?
Првиот чекор што треба да го следат оние кои сакаат на здрав начин да се ослободат од вишокот маснотии во телото се ефективните спортски вежби. Практикувајте кардио вежби како возење велосипед, аеробик, пешачење, трчање или пливање, но добро е кога во вежбањето ќе се вклучи и тренинг за поедини мускулни групи.
Планирајте ја вашата неделна програма за обука
За полесно да се адаптирате на спортот подгответе го вашиот распоред на тренинзи на неделно ниво и одредете кои вежби ќе ги правите во кои денови. Следењето на овој план ќе ви даде ред и ќе го направи вашиот распоред поефикасен.
Чекор 4: Правилна хидратација
Важноста на правилна хидратација
Количината на вода што влегува во телото и количината на вода што излегува треба да бидат еднакви. Рамнотежата на водата е многу важна за телото, како и видот на храната што ја внесуваме во организмот. За да ја вратите нарушената „рамнотежа“ на вашето тело во нормална состојба, треба да имате добра хидратација и редовен внес на вода.
Колку вода треба да пиете?
Здравиот возрасен човек треба да пие приближно 35 ml вода на килограм тежина дневно. Општото правило за колку вода треба да се пие гласи: колку сте потешки, толку повеќе вода ви треба, но количеството зависи и од физичката активност, термературата итн.
Совети за подобрена хидратација
Потребно е да се посвети поголемо внимание на потрошувачката и внесот на вода додека ст ефизички активни или при топло време. Не чекајте да почувствувате жед за да пиете вода! Пиењето вода преку целиот ден е добра навика.
Чекор 5: Добар сон и релаксација
Како спиењето и одморот влијаат на намалувањето на тежината?
Недостатокт од сон ја нарушува хормоналната рамнотежа и го зголемува стресот што ве турка постојано да јадете и предизвикува дебелина.
Како да се наспиете добро?
Одбирајте лесни оброци навечер и оставете најмалку 4 часа помеѓу оброкот и спиењето. Погрижете се температурата во спалната соба да не е премногу висока или ниска и пред спиење проветрете ја просторијата. Спијте во темна и тивка соба и удобна постела. Доколку е потребно, користете чепчиња за уши и маска за очи.
Начини за опуштање и ослободување на напнатоста
За ефикасно да се бориме против напнатоста, треба да ја активираме природната реакција на телото за релаксација. Ова можете да го направите со длабоко дишење, визуелизација, медитација и јога или со ритмички вежби како што се возење велосипед и редовно пешачење.
Чекор 6: Управување со стресот
Поврзаноста меѓу стесот и губењето на тежината
Стресот може да влијае на функцијата на мозокот, здравјето на срцето, однесувањето, внатрешните органи и имунитетот, а за многу луѓе, стресот може да има директен ефект врз тежината, бидејки под стрес имаме дополнителна желба за „храна за душа“.
Ефективни методи за управување со стресот
Намалете го стресот на неколку начини:
Спорт. Спортот помага при управување со стресот.
Јога. Јогата е многу префериран метод за индивидуално справување со стресот.
Медитација. Може да го намали стресот, анксиозноста и хроничната болка, да го подобри спиењето, нивото на енергија и расположението.
Чекор 7: Поддршка и мотивација
Важноста на поддршката и мотивацијата во процесот на слабеење
Поддршката и мотивацијата се два многу важни фактори во процесот на слабеење. Луѓето наоѓаат различни начини да останат мотивирани. Најважно во овој процес е да откриете што ве мотивира.
Како да останете мотивирани во текот на целиот процес
Одредете зошто сакате да ослабнете,
Нека вашите очекувања бидат реални,
Фокусирајте се на целите, а не на резултатите, практикувајте здраво слабеење за добро здравје, а намалувањето на тежината ќе дојде само по себе,
Изберете програма која одговара на вашиот животен стил,
Водете дневник за губење на тежината,
Прославете ги вашите достигнувања,
Најдете вежба во која ќе уживате.
Leave a Comment