Како да се зајакне имунитетот кај децата?
Важноста на силен имунитет кај децата
Децата се раѓаат со вроден имунолошки одговор кој го наследуваат од мајката, кој дава одредена заштита од микробите кои предизвикуваат инфекции. Доењето овозможува примање на антитела од мајката со кои исто така се прави зајакнување на детскиот имунитет. Но, по престанокот на доењето, како одминуваат годините, имуниот систем мора да продолжи да се развива со цел да се оформи целосно и да се создаде и таканаречаниот стекнат имунолошки одговор. Само на тој начин, со целосен развој на детскиот имунитет имунолошкиот систем ќе може да обезбеди ефикасна заштита од сите патогени микроорганизми, навремено спречување на инфекциите, контрола на болестите и чистење на телото од микроби, токсини и страни компоненти и навремено рециклирање на старите и оштетени клетки.
Развој на детскиот имунитет
Развојт на имуната функција треба да започне уште на чинот на породување, кога новороденчето поминува низ родилниот канал на мајката и доаѓа во допир на детската кожа со што бебето се здобива со пробиотски бактерии кои ги населуваат неговите црева и поставуваат основа за развој на одбраната. Понатаму со доењето бебето прима имуноглобулини – антитела од мајката што обезбедува нов заштита од микроорганизмите и зајакнување на имунитетот. Вакцинацијата и постепената изложеност на бактериите, вирусите и другите микроби детскиот имунитет продолжува да расте, постојано учи и се развива, создавајки специфичен, насочен одговор кон предизвикувачите на инфекции. Во тој период од големо значење е развојот на тимусната градна жлезда каде се развиваат и специјализираат различните имуни клетки и се развива правилниот имунолошки одговор.
Фактори кои влијаат на имунолошкиот систем на децата
Постојат повеќе фактори кои влијаат на развојот на детскиот имунитет, а клучни од нив се генетиката и наследните фактори, храната односно исхраната на детето, физичката активност, хигиената, редовниот сон и соодветна диететска поддршка која е особено важна во периодот на студени месеци (есен и зима).
Генетика и наследни фактори
Секое дете наследува дел од имунолошката функција од родителите. Капацитетот како ќе се формира имунолошкиот одговор пред се зависи од генетската предиспозиција и врз основа на наследените аспекти родителите и докторите треба да обезбедат дополнителен поттик за целосен развој на заштитата и имунолошката функција.
Храна и диета
По завршување на периодот на доење, храната игра клучна улога за развојот на детскиот имунитет. Исхраната на децата треба да обезбеди оптимален внес на протеини, неопходни за развој на имуните клетки и антитела како и микронутриенти, минерали и витамини поребни за функцијата на имуните клетки и добра антибактериска и антивирална заштита.
Влијанието на храната врз имунитетот на децата
Храната има клучно влијание врз развојот на детскиот имунитет. Недостатокот на клучни нутриенти во исхраната на детето ќе го успори и оневозможи развојот на имунолошкиот систем и ќе ја намали заштитата од инфекциите. Прекумерниот внес на шеќери исто така ја намалува имунолошката функција а од другат страна обезбедувањето на многу минерали и витамини ќе придонесе зазајакнување на детскиот имунитет.
Која храна е корисна за зајакнување на имунитетот кај децата
Исхраната за силна одбрана од бактериите и вирусите значи внес на разноврсни намирници, во природна интергална форма без нивно процесирање, освен термичката преработка која е неопходна за дигестија на одредени продукти. Тоа значи внес на квалитетно, домашно месо, млеко и јајца, рива, многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови, мешунки и интегрални житарки.
Лична хигиена и животна средина
Еден од најважните фактори за здрав имунолошки систем е обезбедување лична хигиена. Вирусите и бактериите бараат можности да влезат во нашите тела, а најлесен начин се валканите раце со кои ги допираме устата, носот или очите. Личната хигиена е едноставна навика која мора да ја стекнеме за здрав имунолошки систем. Редовното и темелно миење на рацете при влегувањето во домот, а особено пред секој оброк и миењето на телото се навики кои помагаат да се задржат бактериите надвор.
Физичка активност и спорт
Физичката активност и спортот го поддржува развојот и го зајакнуваат детскиот имунитет имунолошки систем на многу начини. Тие ја одржуваат циркулацијата, помагаат да се спречи бактериите или вирусите да навлезат во респираторниот тракт и белите дробови, и ја стимулираат функцијата и на црвените и на белите крвни зрнца.
Практични совети за зајакнување на имунитетот на децата
Следните совети помагаат како во пракса полесно да го зајакнете имунитетот на децата:
Мајчиното млеко е најдобрата храна за секое бебе и има значаен допринос за имунитетот и до 2 годишна возраст на децата,
Со воведувањето на цврстата храна, погрижете се таа да биде разноврсна и со квалитетни намирници од сите важни прехрамбени групи, внимавајте на нездравите грицки и производите со додаден шеќер и внимавајте детето редовно да пие вода.
Не ги заборавајте витамините и минералите особено витаминот C, D и минералот цинк кои треба да ги дадете и како додаток на исхраната.
Децата треба да имаат ред во животот, редовни оброци и редовен и квалитетен сон.
Поттикнете го детето да вежба редовно и соодветно за неговата возраст.
Користате пробиотици како додаток со цел да ја зголемите бројноста и диверзитетот на добрите бактерии во цревата, тие се важни за детскиот имунитет.
Профилактички мерки за спречување на болести
Следните профилактички мерки ќе ви помогнат поефикасно да се заштитите и спречите болестите
Безбедно ракувајте и подготвувајте ја храната. Храната може да носи бактерии.
Редовно мијте ги рацете, особено пред оброците.
Чистете и дезинфицирајте ги најчесто користените површини.
Кашлајте и кивајте во марамче или ракав, или носете маска пред детето кога сте болни.
Не споделувајте лични предмети.
Вакцинирајте се.
Избегнувајте допирање на диви животни.
Останете дома кога сте болни.
Балансирана храна и додатоци
Балансираната исхрана е основа за зајакнување на детскиот имунитет, но не секогаш исхраната може да ги обезбеди потребните нутриенти, особено доволни концентрации на специфични микронутриенти потребни за развој на имунолошкиот одговор кај децата. Тука на помош стапуваат додатоците на исхраната, кои лесно ќе го надополнат она што исхраната не може. Со внесот на додатоци можете лесно да ги надополните потребните минерали, витамини, пробиотици и други важни елементи кои ќе помогнат во јакнење на детскиот имунитет.
Придобивките од додатоците и витамините
Витамините и додатоците на исхраната, како екстрактите од билки, пробиотици, растителните влакна, минералите и антиоксидантите имаат многу здравствени придобивки за јакнење на детскиот имунитет. Со нивна употреба ќе се осигурате дека детето ги внесува потребните концентрации на витамин Ц, Д, цинк, мултивитамини, или некои природни лекови како пример матичен млеч, гел од алое, прополис и други кои можат и да ја зајакнат заштитата од микробите и да обезбедат правилен развој на имунитетот.
Важноста на спиењето за имунитетот на децата
Спиењето му помага на телото да се заштити од инфекции. Исто така, недостатокот на сон може да ја ослаби нашата имунолошка одбрана. Недостатокот од сон, исто така, го нарушува редовното функционирање на нашиот имунолошки систем, предизвикувајќи да станеме поподложни на болести.
Потреба за спорт кај децата
Кај децата кои редовно се движат и спортуваат, се зголемува ослободувањето на хормони кои го активираат имунолошкиот систем, како што е серотонин. Ова го зајакнува имунолошкиот систем и ќе го подобри начинот на исхрана и спиење.
Резиме
Имунитетот на децата се развива од самото раѓање. Следете ги наведените препораки, а особено внимавајте на исхраната и примената на квалитетни додатоци со кои ќе ги надополните моменталните потреби од нутриентите кои се клучни за имунолошката одбрана, развој и јакнење на детскиот имунитет. Доколку досега не сте воделе доволно сметка, никогаш не е доцна да започнете со добрите навики и да помогнете вашето дете да израсне во возрасен со добро развиен и силен имунолошки систем.
Leave a Comment