Како да знаете дали имате дијабетес?
Што треба да знаете за дијабетесот?
Дијабетесот е хронично заболување на метаболизмот при кое, како последици на неможноста и неадекватното искористување на шеќерот (гликозата) од страна на клетките доаѓа до негово акумулирање во крвта, односно хипергликемија. Болеста во основа може да се јави од две причини. Првата е како последица на целосно отсуство на инсулин, хормон кој го лачи панкреасот и кој овозможува внес на гликозата во клетките. Оваа состојба се нарекува Дијабетес малитус тип 1, таа е автоимуна и е последица на имунолошка реакција и оштетување на ткивото на панкреасот. Многу почеста е состојбата на Дијабетес тип 2, кај кој причината за покачените нивоа на шеќер се последица на состојбата на таканаречена инсулинска резистенција, односно неможност инсулинот ефикасно да ја внесе гликозата внатре во клетките. Откривањето на болеста датира уште од стариот Египет, пред нашата ера и за жал до ден денес дијабетесот се уште е една од водечките болести во светот, а од последиците на дијабетесот секоја година умираат над 1,5 милиони лица.
Важноста за рано откривање?
Дијабетесот е сериозно заболување кое може да остави сериозни, трајни последици по здравјето на органите. Секогаш кога се јавува хипергликемија, гликозата која се задржува во крвотокот сездава многу опасни слободни радикали кои ги оштетуваат крвните садови. Во зависност каде доминираат овие оштетувања, доколку се јават на помалите периферни крвни садови, тогаш најчестите последици од оваа состојба се оштетување на очите и загуба на видот, оштетување на бубрезите или периферните нерви, додека доколку оштетувањата се јават на поголемите артерии тогаш како последица се јавува ризик од појава на инфаркт или мзочен удар. Токму затоа навременото откривање на болеста е клучно за превенција на оштетувања на крвните садови и зачувување на доброто здравје.
Како се дијагностицира дијабетесот?
Раното откривање дава можност за навремена контрола на шеќерот и спречување на сите можни компликации. Затоа обрнете внимание на следните информации и следете ги дадените препораки за навремен и точен скрининг и поставување на дијагноза.
Први симптоми
Симптомите може да бидат различни и не секогаш јасно истакнати. Но најчестите први симптоми кои можете да ги забележите се:
Зголемена сувост во устата
Сувост и чешање на кожата, дури и затемнување на кожата
Зголемена жед и почеста потреба од пиење вода
Зголемено потење и уринирање
Зголемено и често чувство на глад
Хроничен замор
Замаглен вид
Поспоро и потешко зараснување на раните
Доколку имате некои од овие симптоми, а особено ако знаете дека во семејството исто така имате и предиспозиција тогаш најдобро е да ги направите потребните лекарски прегледи со цел да се испита и постави точна дијагноза за вашите симптоми.
Лекарски преглед
Лекарскиот преглед е неопходен за навремено откривање и поставување на точна дијагноза. Докторот ќе земе точен увид (анамнеза) на сите ваши симптоми и ќе ве упати да ги направите потребните анализи на крвта и урината врз база на што ќе може да ви ја дада соодветната терапија и препораки за промени во исхраната и животниот стил со цел повторно да се воспостави контрола над метаболизмот на шеќер и да се обезбеди добра регулација на гликемијата.
Кои тестови треба да се направат
Основни, стандардни тестови кои треба да се направат за испитување на дијабетесот се:
Испитување на гликемијата (нивото на шеќер - гликоза) во крвта на гладно, значи после пост од најмалку 12 часа воздржување од внес на било каква храна, вообичаено препораката е тестот се прави во утринските часови.
Испитување на нивото на гликолизиран хемоглобин (HbA1C), познат како тромесечен просек. Откривањето на оваа вредност покажува каква била регулацијата на шеќерот во крвта во период од 3 месеци.
Испитување на ниво на хормонот инсулин, бидејки покачувањето на инсулинот укажува на состојбата на инсулинска резистенција која е чест знак за дијабетес тип 2.
ОГТТ тест (Oral Glucose tolerance test) или тест со оптеретување со гликоза, кога пациентот треба да испие гликозен раствор по што во дадени периоди 60, 120 или 180 минути се мери одговорот на организмот на внесот на гликоза што најдиректно покажува дали инсулинот и самиот организам успешно го регулира шеќерот (гликозата). Откривањето колку брзо се метаболизира гликозата и колк е ефикаен инсулинот е клучен тест за дијагностицирање на состојбата.
Доколку се покажат повисоки вредности од нормалните и се потврди откривањето на дијабетес се препорачува испитување и на нивоата на масти, крвен притисок, состојба на срцето и крвните садови, видот, бубрежната функција и преглед на стапалата, со цел да се утврди постоењето на евентуални оштетувања на овие органи, за чие здравје ќе треба да се води посебна грижа по откривањето и поставувањето на дијагнозата. Исто така, добро е за одредени параметри да не направат и повторни тестови со цел да се добие сигурен резултат. На денот на тестот не треба да се внесува никаква храна, а предходните 3 дена по 100гр јаглехидрати (пример чоколадо), дополнително на редовните оброци и исхрана.
Како да се одржи нивото на шеќер во крвта во вредностите?
По откривање на состојбата и добивање на соодветна терапија важно е што побрзо да се направат промени и во начинот на живот (како започнување на физичка активност, подобро справување со стресот, одмор и сл.), а особено промени на начинот на исхрана со елиминирање или значително намалување на храната и продуктите кои содржат рафинирани и додадени шеќери, како и рафинирани брашна.
Но и покрај откривањето на болеста и самата терапија и промените во животниот стил кои се применуваат по откривањето на дијабетесот, најголем број лица со дијабетес не успеваат да воспостават вистински добра контрола над шеќерот. Токму затоа се советува употреба и на додатоци на исхраната кои можат на природен, безбеден и ефикасен начин да помогнат во подобра регулација на шеќерот.
Diabetol Forte е 100% природен препарат, регистриран со посебна медицинска намена за диетстко регулирање на шеќерот. Уникатна комбинација на 5 активни состојки кој овозможува подобрување на чувствителноста и ефикасноста на инсулинот за подобра дистрибуција на гликозата во клетките, подобрување на секрецијата и ослободувањето на инсулинот и антиоксидантска заштита на клетките од покачениот шеќер. Испитување спроведено кај пациенти на Клиниката за ендокринологија во Скопје исто така ја потврди ефикасноста на Diabetol Forte во подобрување на регулацијата на гликемијата. Затоа откривањето и примената на квалитетни додатоци на исхраната можа да даде многу значаен ефект и суштински допринос за воспоставување на добра контрола.
Leave a Comment