Што е остеопороза?

Скоро половината од женската популација на возраст над 60 години во западните земји има некаква форма на намалување на густината на коскеното ткиво. Остеопорозата е прогресивно заболување при кое доаѓа до губиток на коскената маса, односно се намалува густината на коскената маса, со што значително се зголемува ризикот од скршеници. Се јавува како последица на дисбаланс на процесите на ремоделирање на коската, при намалена или успорена изградба и обнова на коскената маса (намалена минерализација на коските), наспроти зголемено разградување на коскената структура. Состојбата е прогресивна и започнува со благо намалување на густината и минерализацијата на коската (состојба дефинирана како остеопенија), но доколку се остави не третирана може да доведе до големо, прогресивно губење на структурата, цврстината и флексибилноста на коските и е честа причина за скршеници на коските, повреди и нарушена функција на скелетот и држењето на телото кај повозрасната популација.

Причини за појава на остеопороза!

Улогата на витаминот Д

Главните причини за појавата на остеопенија и остеопороза се ниските нивоа на витамин Д и други нутритивни недостатоци, долготрајна употреба на одредени лекови и стероиди, како и стареењето (посебно возраст над 60 год.), односно хормоналните дисбаланси кои вообичаено го пратат стареењето. Одредени автоимуни заболувања (како Целијакијата) како и нарушувања на функцијата на дигестивниот систем  при кои што е нарушена апсорпцијата на нутриентите кои ги изградуваат коските се исто така значаен ризик фактор за појавата и развојот на остеопороза.

Последиците од менопаузата

Важно е да се истакне дека женската популација во менопаузата има најголем ризик и склоност кон појавата на остеопороза, што се должи на значителниот пад на репродуктивните хормони, пред се естрогенот кој помага во активација на витаминот Д3, односно помага за подобра апсорпција на калциумот во телото и за одржување на балансот на ремоделирање на коската (изградба на ново коскено ткиво). Ефикасен начин за утврдување на состојбата на остеопороза е со постапка на мерење на густината на коскената маса -  дензинометрија. 

Лекови за остеопороза

Традиционалната медицинска пракса за третирање на остеопорозата е примената на бифосфонати, лекови кои предизвикуваат уништување на остеокластите, клетките задолжени за разградување на коската. Со запирање на процесот на разградување на коската навидум се запира губитокот на коскената маса, но расте бројот на истражувања кои покажуваат дека коските во кои се запира природниот процес на ремоделирање, ја немаат можноста да го заменат старото коскено ткиво кое ја изгубило својата функција. Таквите коски добиваат поголема густина на коскената маса, но ја губат еластичноста што може исто така да доведе до лесна фрактура на коските, а долготрајната примена на овие лекови е поврзана и со појавата на несакани ефекти како заболувања на дигестивниот систем, посебно на хранопроводот, на бубрезите и други.

Препораки за превенција и третман на остеопороза

Промената на животниот стил има голема улога во превенцијата и третманот на остеопорозата. 




Физичка активност

Редовната физичка активност може да даде значаен придонес како во превенцијата така и во третманот на остеопорозата. Науката потврдува дека практикувањето на одбрани вежби со тежина, како и пешачењето, возењето точак и пливањето помагаат во одржување на здравјето на коскеното ткиво. Важно е што сите овие вежби се без директен притисок на зглобовите и коските, а ја стимулираат обновата и растот на коската.



Исхрана и додатоци во исхраната

Промените  во исхраната и соодветната суплементација можат да го запрат прогресот на болеста и да помогнат за изградба на коскеното ткиво и враќање на правилната функција на коските. Затоа доколку сакате ефикасна превенција од остеопорозата и здраво и цврсто коскено ткиво пректикувајте ги следните клучни препораки!

1. Применувајте избалансирана исхрана, во која се елиминирани процесираните продукти, односно продуктите кои содржат адитиви, конзерванси, процесирани транс масти или додадени шеќери. 

2. Основата на исхраната треба да биде растителната храна (зеленчукот) и во голем процент треба да содржи внес на сирови продукти (пред се зеленчук, овошје, како и јатки, семиња и др.). На тој начин ќе помогнете да се одржи природната кисело-базна рамнотежа во организмот о да се оддржи минералниот статус на коските. Имено, производите од животинско потекло, месото, млекото, јајцата, житарките (со исклучок на просото) и храната со висок гликемиски удел (храна доминантно составена од скроб или со додаден шеќер) допринесуваат за развој на воспаленија и зголемување на киселоста во организмот и можат да активираат одбрамбен механизам кој предизвикува извлекување на калциумот и фосфорот од коските, како алкални минерали, да ја баферираат - неутрализираат зголемената киселост, што на долг рок исто така може да придонесе за намалување на густината на коскената маса.

3. Зголемете го внесот на храна која помага за подобрување на минерализација на коските, односно внесот на калциум, фосфор, како и силициум, магнезиум, витамин Д3 и К2. Тоа значи внес на природни ферментирани млечни производи (добиени од сирово непастеризирано млеко), богати со калциум, фосфор, магнезиум, Д3 и К2. Потоа, внес на зелен лиснаст зеленчук, брокула, сирови семиња, јатки и алги, кои се исклучително богати со минералите потребни за изградба на коските и имаат идеален однос на калциум и магнезиум (кој ја спречува пребрзата екскреција на калциумот преку бубрезите и го држи калциумот растворлив во крвта, спремен за вградување во коските. 

4. Посебно е важно да се внесува храна која содржи витамин К2 или да се зема овој витамин како додаток на исхраната, бидејки само витаминот К2 овозможува активирање на протеинот остеокалцин, од внатрешноста на коскеното ткиво, да го врзе калциумот од циркулацијата и да го однесе во коските. 



5. Покрај одржувањето на оптимални нивоа на витаминот Д (Д3) кој ја подобрува апсорпцијата на калциумот, оптималната апсорпција на минералите важни за изградба на коскеното ткиво, во дигестивниот тракт на човекот зависи и од оптималната секреција на желудочна киселина (која може да се стимулира и подобри со внес на ѓумбир, свеж сок од лимон, природен јаболков оцет, екстракт од комбуха или додаток на исхраната на база на дигетсивни ензими пред оброкот).

6. Не заборавајте на елементот кој ја прави основата на коските - колагенот! Овој протеин ја прави коскената структура во вид на мрежа во која потоа се вградуваат минералите како калциумот, фосфорот и тн. Со годините доаѓа до значителен пад во продукцијата на колаген во телото, што влијае и на намалување на густина на коскеното ткиво и нивната зголемена кршливост, затоа збогатете ја исхраната со супи од домашни говедски коски или внесувајте повеќе месо од внатрешни органи (црн дроб и други) од животни кои паселе трева и биле одгледани на природен, органски начин. Поедноставен, сигурен и високоефикасен начин за внес на колаген е секако и внесот на додатоци на исхраната на база на колаген.