СИЛНИОТ АНТИКАНЦЕРОГЕН ПОТЕНЦИЈАЛ НА КУРКУМИНОТ КОНЕЧНО Е НАУЧНО ПОТВРДЕН И УСПЕШНО СЕ ПРИМНУВА ВО ТРЕТМАНОТ НА РАК
За лековитите својства и здравствените придобивки на куркуминот, екстрактот добиен од коренот на растението куркума (Curcuma longa), можете да прочитате многу статии во списанија или објави на социјалните медиуми. Оваа неверојатна билка која со векови се користела во традиционалната Ајурведска медицина, во последните една-две децении создаде огромниот интерес и кај научниците и кај докторите, а направените илјадниците истражувања и клинички студии, целосно ги потврдија силните анти-инфламаторно, анти-микробно, антиоксидантско дејства, како и способност да помогне во одржување, заштита и регулација на работата на црниот дроб, кардиоваскуларниот систем, мозокот, метаболизмот на шеќер, имунитетот и целокупното здравје на човекот!
Она што е најважно е дека поновите научни сознанија откриваат способност и огромен терапевски потенцијал на куркуминот во третманот со ракот!
Антиканцерогено дејство на куркуминот!
Досега се знаеше дека куркуминот поседува силни антиоксидативни способности со кои придонесува во заштита на сите клетки од телото од оштетувања предизвикани од страна на токсините и канцерогените материи наречени слободни радикали, со што помага да се одржи здравиот и нормален метаболизам. Поконкретно куркуминот помага да се зачува јадрото и молекулата на ДНК, односно нашите гени, од оштетувања од слободните радикали кои може да доведат до појава на мутации и развој на рак.
Но она што е револуционерно и доаѓа како сознание од последните години на интензивни истражувања е уникатната способност на куркуминот да го активира таканаречениот тумор-супресорен ген p53. Активацијата на овој ген може на неколку начини, низ различни клеточни реакции (Rb/E2F/mTOR и други) или да предизвика смрт на самата малигна клетка или да ја супремира - намали малигната активност спречувајки го создавањето на протеини и ензими со кои малигната клетка го уништува здравото околно ткиво правејки си простор за раст на туморот и испуштајки молекули за поврзување со крвниот систем и развој на метастази. Повеќе за овие механизми на антиканцерогено дејство на куркуминот преку активација на p53 може да дознаете во објавата Curcumin selectively induces colon cancer cell apoptosis and S cell cycle arrest by regulates Rb/E2F/p53 pathway во Journal of Molecular Structure од 2022 година - https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0022286022008377 како и анализата објавена во научното списание Breast Cancer (Dove Med press) - https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6276637/
Едноставно објаснето, молекулата на куркумин може да помогне да се спречи развојот и ширењето на ракот, преку уништување на самите клетки на ракот и спречување на појавата на метастази!
Ефикасна примена на куркуминот во пракса!
Благодарение на овие сознанија, денес во водечките светски клиники, како и најдобрите доктори кои ги следат најновите научни сознанија веќе вклучуваат терапија со куркумин во третманот на канцерот на гради, простата, дебело црево и др. Она што е клучно во успешноста е наоѓање на механизам за внес на високиконцентрации на активни куркуминоиди во телото кои ќе можат ефикасно да делуваат. Затоа треба да се внимава во изборот и употребата на куркуминот, правејки разлика во составот и потентноста на екстрактот и квалитетот на додатоците на исхрана со куркумин, како на пример препарати кои го содржат добро познатиот Curcumin C3 Complex со клинички докажана ефикасност или комбинација на куркуминот со Bioperine кој клинички докажано ја зголемува апсорпцијата и искористувањето на куркуминот за 20 пати!
Повеќе информации за сите здравствени придобивки на куркуминот можете да добиете овде.
Leave a Comment