Видови болести на нервниот систем и како да се контролираат?
Видови болести на нервниот систем
Многу состојби и болестиможат да ја нарушат функцијата на нервниот систем. Почнувајки со нарушување на сонот, главоболки, депресии и состојби поврзани со однесувањето (Аутизмот и други), се до невродегенеративните состојби или церебралната парализа. Во однос на манифестацијата болестите на нервниот систем можеме да ги поделиме во зависност од тоа каде се јавуваат, кој дел од системот го погодуваат, или конкретно на:
Болести на централниот нервен систем (ЦНС)
Цереброваскуларна болест (мозочни удари, хеморагии, итн.)
Овие состојби во основа се последица на оштетувања на крвните садови во мозокот. Се јавуваат заради висок крвен притисок или атеросклероза кои најчесто предизвикуваат и болести на срцето, поради што може да се јави запушување или прскање на крвниот сад што доведува до појава на таканаречен мозочен удар, кој може да биде исхемичен (престанок на доток на кислород до мозочните клетки) или хеморагичен, предизвикувајки излив на крв во мозокот.
Паркинсонова болест
При оваа невро-дегенеративна состојба се оштетуваат клетките во мозочното стебло кои се задолжени за продукција на невротрансмитерот допамин, што како последица се јавува тресење, намалено движење или вкочанетост на рацете, нозете како и главата.
Мултипла склероза
Ова е автоимуно заболување при кое како последица на имунолошка реакција се создаваат автоимуни антитела кои ја оштетуваат заштитната миелинска обвивка на невроните, што го отежнува и намалува преносот на нервниот сигнал, особено во моторните неврони, поради што се губи контролата врз скелетните мускули, отежнувајки го движењето на рацете и нозете, кое може да прогресира и до инвалидска количка, а во одредени случаи и загуба на контрола врз мускулите за голтање и други витални функции.
Тумори на мозокот
Туморите на мозокот може да бидат бенигни или малигни (канцер), но без разлика на природата секоја појава на тумор, како ново создадено ткиво во одреден период може да предизвика притисок на мозочните структури кое покрај болка може и серозно да наруши важни моторни функции.
Парализа од централен тип
Парализата се јавува како последица на оштетување на рбетниот мозок, предизвикано од физичка траума (повреда) или некое вирусно заболувања (полио вирусот и др.). За жал состојбата серозно го нарушува квалитетот на живот поради целосна одземеност на рацете и нозете.
Мигрена
Силна, хронична и повторувачка болка во главата, која трае од неколку часа до неколку дена. Почеста е кај женската популација и може да се јави во било кој период од животот. Медицината сеуште нема точни сознанија за причината на мигрената, што на лицата со мигрена им создава и дополнителна анксиозност поради немањето јасни информации за потеклото и третманот. Но, досегашните испитувања покажуваат дека таа може да се јави и како последица на лошата циркулација во мозокот, интолерантности на глутен и друга храна, хистаминска интолерантност, нарушен метаболизам на естроген (посилна естрогена активност) и др.
Епилепсија
Епилепсијата е состојба при којасе јавува нарушување на преносот на електричните импулси во мозокот, односно прекумерно силно и ненадејно ослободување на електрични импулси од невроните, што како последица дава неконтролирани напади проследени со силно тресење и вкочанетост на телото. Постојат повеќе видови епилепсија а причините за состојбата се мултифакторијелни.
Воспаленија на периферниот нервен систем (ПНС)
Заболувањата на периферниот нервен систем секогаш се придружени со силни болки, вкочанетост и неможност од движење, во зависност од местото на оштетување или повреда на некој нерв. Најчестите заболувања се:
Ишијас
Ова е воспаление на ишијалниот нерв кое се јавува најчесто заради намалување на просторот помеѓу пршлените на рбетот, или физичка повреда на лумбалниот предел на грбот. Поради тоа се јавува притисок врз нервот и хронично воспаление проследено со силна болка во лумбалната кичма. Но, во зависност од тоа на кое нервно влакно доаѓа притисокот, болката може да се јави бо било кој дел од ногата.
Хернии
Хернија на диск е состојба при која доаѓа до прскање на јастучето од сврзно ткиво кое се наоѓа помеѓу два пршлени и најчесто се слушува заради физичка повреда или неправилно држење на телото во лумбалниот предел на рбетот. Тоа доведува до искривување и намалување на меѓупршленскиот простор, со што се јавува притискање на ичијалниот или соодветно на локацијата друг нерв од рбетот што предизвикува болки и вкочанетост на засегнатиот дел од телото.
Постојат и други заболувања како плексити, неврити, итн. кои се манифестираат со зголемена чувствителност, пецкање, трнење или болки предизвикани од оштетувањата на невроните од периферниот дел од системот.
Препознавање на раните симптоми на болести на нервниот систем
Болестите на нервниот систем некогаш се јавуваат како последица на физика повреда без најава, но често се последица на дегенеративни и инфламаторни состојки кои се развиваат постепено и даваат карактеристични симптоми кои треба да се препознаат.
Симптомите кои укажуваат на нив се многубројни и може да се менифестираат низ целиот организам, но важно е да ги препознаете следните симптоми кои укажуваат на горе споменатите заболувања:
Постојана или нагла главоболка,
Главоболка која постојано се менува,
Загуба на чувството на допир или чувство на пецкање, трнење или боцкање на кожата,
Слабост на телото и загуба на мускулната снага и контролата во движењето,
Нарушување на видот или двојно гледање,
Зголемена заборавеност и губиток на меморијата,
Намалена способност за расудување и нарушена когниција,
Губиток на координацијата.
Со рано откривање на болестите и навремена консултација со нерволог или неврохирург ќе може да се спречи понатамошен прогрес и состојбата да се стави под контрола или да се отстрани причината за нејзината појава.
Фактори и предиспонирачки состојби
Постојат широк спектар на фактори и состојби кои може да бидат причина за појава на болест на нервниот систем, а тука влегуваат:
Траума - физички повреди или оштетување предизвикано од лошо држење на телото.
Infections - например инфекција со полиовирусот кој може да предизвика парализа.
Дегенерација - стареење и оштетување на невроните како споследици на стареењето, токсините и недостатокот на елементи потребни за добра когнитивна и нервна функција
Структурални дефекти - кои може д абидат анатомски од рањањето или последици од некоја повреда.
Тумори, бенигни или малигни.
Нарушување на циркулацијата - васкуларни проблеми со крвните садови, пред се во мозокот.
Автоимуни заболувања.
Големото загадување на средината, постојаниот стрес во животот, недостатокот од физичка активност и лошата исхрана исто така имаат улога и допринесуваат за поголемата појава на овие болести. Секако тука се вклучени и одредени генетски предиспозиции и наследни фактори кои може да го зголемат ризикот од појава.
Превенција и контрола на болести на нервниот систем
Болестите на нервниот систем се в постојан пораст! Големиот број негативни фактори укажуваат дека треба да бидеме спремни и навреме да го превенираме развојот или прогресот на дегенеративните или воспалителни состојби на мозокот, а тоа најдобро можеме да го направиме со земањето на природни, ефикасни и пред се безбедни додатоци на исхраната.(насочување текст до производот. Brain Protect е ефикасно природно решение за зајакнување на меморијата и когнитивните функции, заштита и подобра функција на мозокот. Доколку се соочувате со болката и ограничување на движењето како последица на оштетувања на нерви од рбетниот столб или периферниот систем, земањето на Curcumactiv ќе ви помогне да го смирите воспалението и болката, без да се плашите за последиците од стандардните лекови против болка.
Leave a Comment