Студија реализирана од асоцијацијата Diabetologija!
Постојат многу промени во животниот стил што можете да ги направите за да го намалите ризикот од добивање дијабетес тип 2, но според новите научни докази корисно е да ја преиспитаме сопствената исхрана. Студија која неодамна беше објавена во списанието на Европската асоцијација за проучување на дијабетес Diabetologia вклучи повеќе од 10.000 луѓе на кои им беа анализирани профилите на метаболитите на гликозата во крвната плазма. Според неа луѓето кои се придржуваат кон диети кои се базирани на растителна исхрана, имаат значително помали шанси за добивање на болеста.
„Ова е фасцинантна студија која додава повеќе докази во постојано растечката база на податоци за намалување на ризикот од дијабетес тип 2, за сите оние кои практикуваат растителна исхрана. Според Julieanna Hever, MS RD CPT автор на The Choose You Now Diet и водич за растителна исхрана „Со секоја нова студија, дознаваме повеќе за ефикасноста на диетата базирана на растителна храна и колку таа помага за да не дојде до дијабетес тип 2, дијагноза што предизвикува огромно страдање кај стотици милиони луѓе ширум светот.
Заклучоции препораки од студијата!
Студијата покажала дека оние луѓе кои се држеле до здрава растителна исхрана, покажале низок ризик од појава на дијабетес тип 2, во споредба со профилите на оние чија исхрана базирала на нездрава храна. Затоа, практикувајте исхраната да биде разнолика, балансирана и базирана на растителна храна, што подразбира пред се редовен, многу поголем внес на зеленчук, кој не содржи скроб, во вид на свежи салати, смудија и обарен или печен како прилог на секој оброк. Скробните намирници, како житарките треба да се намалат (пред се кога се рафинирани и внесени како продукт од брашно - леб, тестенини или пецива) и заменат со поголем внес на мешунки (како грав, леча, грашок), семиња (лен, лиа, сусам, тиква) и јатки. Исто така овошјето, колку и да е вкусно и здраво, поради содржината на шеќери треба да го внесувате умерено, 1 до 2 плода на ден, со акцент на шумските плодови и други овошки со понизок гликемиски индекс.
Leave a Comment