10 моќни лековити билки за периферниот нервен систем
Што е периферен нервен систем?
Нервниот систем е составен од два основни дела, централен, кој се состои од черепниот и рбетниот мозок и периферен, сочинет од нервите кои излегуваат од мозокот (конкретно 12 кранијални нерви (кои излегуваат од главата) и 31 пар нерви од рбетниот мозок).
Важноста на периферниот нервен систем за функционирањето на телото
Сите нерви се задолжени за пренос на дразби од мозокот со цел контрола и регулација на работата на сите органи, вклучувајки ги и мускулите и коските, како и одговор на дразби примени од надворешната средина. Овој дел од нервниот систем има голема важност бидејки тој ги спроведува наредбите од централниот и овозможува да се пренесат импулсите, т.е да се спроведе контролата врз работењето на органите, како и да направиме некоја волна акција, на пример да успееме да формираме и изговориме некој збор или мисла, да направиме движење и соодветно да изреагираме на некоја надворешна дразба (да избегнеме удар, да се повлечеме од пламен или друга потенцијално опасна дразба).
Најчести болести на ПНС?
Постојат разни видови болести на периферниот нервен систем и најчсто тие имаат трауматска природа (повреди на нервите при удар, пад, сообраќајна незгода и сл.), дегенеративни или инфламаторни. Најчестите состојби се ишијас (хронично воспаление на ишијалниот нерв како последица на дископатија или хернија на диск меѓу пршлените на рбетниот столб, невритиси, плексити или невропатии (оштетување на нервите проследено со болка, трнење, боцкање или пецкање, а најчесто се јавува кај лицата со дијабетес). Но овие заболувања може и заради инфекции или да имаат и авто-имуна природа, како кај Гилен-Баре синдромот, каде оштетувањата на нервите се предизвикани како последица на имунолошки реакции.
Улогата на билките во поддршката на здравјето на периферниот нервен систем
Билките со векови се користеле како дел од традиционалната, народна медицина за исцелување и третман на болести и состојби на нервите. Денес и науката и истражувањата покажуваат дека постојат корисни растенија кои имаат смирувачко, аналгетско, антиинфламаторно и невропротективно дејство со кое можат да помогнат, како во превенцијата така и при третманот на болестите на нервниот систем. Луѓето ги користеле како народни лекови во вид на чаеви, тоници, тинктури или мелеми кои ги мачкале на кожата за смирување на болките и други непријатни симптоми кои се јавувале као последици на оштетување или болест.
Лековити билки за поддршка на периферниот нервен систем:
Гинко билоба
Оваа билка ја подобрува периферната циркулација, како во мозокот така и во нервите. Со добро снабсување со кислород и нутриенти самите клетки, невроните кои го сочинуваат периферниот нервен систем можат да функционираат и да се регенерираат подобро.
Семе од грозје
Семките од грозје се богати со специфични полифеноли што помагаат од оксидативно оштетување на нервите и спречуваат акумулација на штети материи кои може да ја спречат контролата и функцијата на моторните неврони кои го контолираат движењето.
Женшен
Женшенот е добар за смирување на воспаленија и одржување на меморијата но и за смирување на невропатска болка и воспаленија и на нервите.
Маточина
Оваа билка содржи еугенол кој помага во смрување на болката во нервите, ги опушта грчевите во мускулите кои може да предизвикаат стегање и на нервите, а помага и во смирување на организмот.
Валеријана
Валеријаната има научно потврдено дејство за смирување и опуштање на мозокот. Има седативно дејство и помага во заспивањето.
Пасифлора
Оваа билка помага во смирување на невропатската болка на периферните нерви, но исто така делува и како седатив и анксиолитик за смирување на вознемиреноста и депресијата.
Лаванда
Лавандата е добро позната по способноста да го релаксира и смири човекот, помагајки му да се опушти, да заспие и да го намали стресот.
Слични смирувачки дејства и природна подршка во справување со стресот имаат и ашвагандата, камилицата, билката Малме и други билки. Сите овие билки земени како чаеви или тинктури може да му помогнат во смирување на болката, заштита и подобрување на функцијата на нервите. Природни додатоци на исхраната кои содржат растителни екстракти кои го штитат мозокот и нервите и ја подобруваат неговата функција можете да најдете и во веб продавницата Naturatherapy.mk.
Leave a Comment