Потекло на растението Со Палмето

Растението Со Палмето (Serenoa repens или Saw Palmetto), познато како нискорастечка или џуџеста палма, е растение од видот палма што расте во топла клима на југоисточниот брег на САД. Претставува ендемичен вид за суптропските предели од југоистокот на Соединетите Американски Држави, генерално по должината на јужниот дел на Атлантскиот Океан и крајбрежните рамнини на заливот и песочните дини. Достигнува максимална висина од околу 2-3 метри. Расте во густи грмушки во песочни крајбрежни области и во борови шуми. Името на палмата потекнува од зборот „Saw” на Англиски „пила“ на која потсетуваат листовите на палмата. Малкумина би помислиле да оваа уникатна палма има толку многу здравствени придобивки за здравјето.


Клучни компоненти и активни соединенија во билката

Дрвото Со Палмето дава вкусни и хранливи плодови кои по изглед наликуваат на маслинки. Овошјето содржи фитостероли (корисни соединенија на база на масло кои се наоѓаат во растенијата), флавоноиди (антиоксидантни соединенија), масни киселини (како олеинска, палмитинска, миристинска и други) и голема количина скроб. Оваа уникатна комбинација на состојки е причина за широкиот спектар здравствени придобивки на ова растение.


Здравствени придобивки на Со Палмето

Екстрактот од Со Палмето често се користи во хербалната медицина поради многуте здравствени придобивки што ги содржи и кои имаат долга традиција на употреба во народната медицина а денес се повеќе научни истражувања ги потврдуваат овие здравствени придобивки на нискорастечката палма.

  • Промовирање на здравјето на простатата и намалување на симптомите на бенигна хиперплазија на простатата (BPH)

Познато е дека Со палмето се користи за третман на „бенигна хиперплазија на простатата, бенигно зголемување на простатата (БПХ)“ уште од 15 век. Науката денес покажува дека внесот на екстракт помага да се спречи претварањето на тестостеронот во дихидротестостерон, форма која стимулира раст на клетките и ткивото на простатата. Со намалената продукција на дихидротестостерон се запира и растот на простатата кој предизвикува притисок на мочниот меур и зачестено мокрење, како и стегање на мочниот канал и тешкотии при самото покрење, намалување на интензитетот и прекини на млазот на урината. Затоа внесот на додаток на исхраната на база на Со Палмето е одличен начин да се ослободите од непријатните тегоби поврзани со зголемената простата, особено ноќното мокрење.

  • Управување со хормоналната нерамнотежа кај мажи и жени

Хормоналните нарушувања може да се јават и кај мажи и кај жени, а многу од нив можат едноставно да се урамнотежат со растителни екстракти кои имаат адаптогено дејство. Конкретно екстрактот не само што помага во балансирање на нивото на тестостерот, а со тоа и го подобрува репродуктивното здравје кај мажите, туку е покажано дека го подобрува нивото на хормонот пролактин кај жените со што помага да се одржи добрата функција на јајниците.

  • Го поддржува здравјето на уринарниот тракт

Ова е многу важна придобивка на Со Палмето која е поврзана со смирување на симптомите на зголемената простата. Со тоа што го смирува воспалението на простатата и го намалува притисокот врз мочниот канал, има придобивка да овозможи лесно и целосно празнење на мочниот меур. Доколку нема задршка на урината, се спречуваат несаканите ефекти како потенцијалниот развој на бактериски инфекции и воспаленија на мочниот меур, каналите па дури и бубрезите.

  • Го спречува опаѓањето на косата

Најчестата андрогена - машка форма на опаѓање на косата се должи на преголемата активност на хормонот дихидротестостерон. Затоа оваа придобивка исто така една од клучните придобивки за мажите. Едноставно со стареењето природно доаѓа до се поголема конверзија на тестостеронот во дихидротестостерон, но внесот на екстрактот помага да се успори и намали таа конверзија со што помага и да се намалат несаканите ефекти  и се запира или успори падот на косата кај мажите.



Научно истражување за придобивките на екстрактот

За придобивките на Со Палмето врз здравјето на уринариот тракт говори студија објавена во Британскиот весник за клиничка фармакологија во 1984 година, кога е направено истражување со 110 мажи кои имале проблеми со простатата и користеле доза од 320 милиграми екстракт од сао палмето на ден во текот на 1 месец. На крајот од испитувањето се утврдило дека земањето Со Палмето е 10 пати поефективно од земањето плацебо, во намалување на тегобите врзани со мокрењето, т.е  зголемувањето на протокот на урина и празнењето на мочниот меур. Исто така, Германското Министерство за здравство, која е одговорна за подготовка и лиценцирање на хербални препарати, ја одобри употребата на екстрактот од оваа билка во третманот на бенигна хиперплазија на простатата. Употребата на 320 mg на ден најмалку шест месеци обезбедува значително подобрување!

Колку долго се користи Со Палмето?

Екстрактот од билката, во вид на капсула или друга форма, како додаток на исхраната е безбеден и за продолжена употреба до 3 години. Најчесто мажите кои имаат проблеми со зголемената простата треба да го користат екстрактот долгорочно, бидејки престанокот на земањето може да резултира во повторно активирање на состојбата и враќање на непријатните симптоми врзани со зачестеното мокрење. Препораката е да се користи наутро и во текот на денот со цел да помогне во „чистењето“ на простатата пред вечерните часови.

Несакани ефекти од употребата?

Треба да се запазат препорачаната количина и препораките за употреба на екстрактот. Не постојат сериозни и опасни несакани ефекти освен можност за појава на лошење, дијареа, главоболка или чешање, кои се случуваат многу ретко и забележано е дека се случуваат кај луѓе чувствителни на алергиски реакции.