Цинк – кои се придобивките за телото
Што е цинк?
Цинкот е еден од најважните минерали неопходни за здравјето на луѓето. Човечкото тело користи многу микронутриенти, минерали и витамини, за да функционира правилно. Ако сакаме да поставиме дефиниција и да ги дефинираме неговите карактеристики тогаш може да кажеме дека цинкот е минерал, конкретно метал со сино белкаста боја, а тоа значи неоргански елемент но за нас тој е важен микронутриент, кој иако нема калориска вредност и не обезбедува енергија, сепак е неопходен за организмот. Цинкот учествува во повеќе од 100 различни биохемиски, метаболни процеси во телото како што се растот, развојот, синтезата на протеини, имунолошкиот систем, репродуктивната функција и плодноста, формирањето ткиво, развојот на нервниот систем, когнитивните функции и однесувањето, така што и неговите придобивки се многубројни. Најмногу се наоѓа во мускулите, кожата, косата и коските како и vo репродуктивните органи и простатата кај мажите.
Извори на цинк
Цинкот во организмот го внесуваме преку храната која го содржи. Најдобрите природни извори на храна богата со цинк се: морските плодови, рибата, јајцата и месото. Јаткастите
плодови и мешунките исто така можат да се вбројат како добри, растителни извори на овој минерал. Сепак, стапката на задржување и искористување на цинкот од телото е највисока кај месото, јајцата и морските плодови, поради отсуство на соединенија кои ја попречуваат неговата апсорпција (како фитинската киселина присутна во лушпите на јаткастите плодови и мешунките) и присуството на амино киселини кои содржат сулфур.
Придобивките од цинкот во телото
Цинкот е еден од важните минерали потребни за здравјето на вашето тело. Тој учествува во метаболни процеси поврзани со функцијата на скоро сите органски системи, но сепак може да издвоиме неколку негови клучни здравствени продобивки на.
Поддршка на имунолошкиот систем
Цинкот е минерал кој е клучен за правилна регулација на имунолошката функција. Тој има антиоксидативно дејство и е неопходен за продукцијата на ензимот супероксид дизмутаза кој е внатрешен, ендоген антиоксиданс и помага како во намалување на штетите, односно неутрализација на слободните радикали во телото, така и спречување на штетите на ткивото кои се јавуваат при инфекции и воспаленија. Тој има и силна антивирална функција и помага да се спречи влезот на вирусите во клетките и неговото размножување.
витален минерал. Од суштинско значење е за функцијата на имунолошките клетки и за навремено активирање на клеточното сигнализирање. Исто така, една важна имунолошка функција на цинкот и негова придобивка е регулација на развојот на тимусот, жлезда во градите која е одговорна за развојот на функциите на имунолошките клетки и развојот на имунитетот во целина во периодот од раѓањето до раното детство, кога постепено нејзината функција опаѓа. Затоа е толку важен и неопходен цинкот да се внесе барем како додаток на исхраната за развој на детскиот имунитет.
Улога во растот и развојот
Цинкот, исто така, е неопходен за функцијата и комуникацијата на важни хормони вклучени во растот на коските, како што се соматомедин-ц, остеокалцин, тестостерон, тироидни хормони и инсулин. Тој е тесно поврзан со метаболизмот на коските поради што има позитивен ефект врз растот и развојот. Концентрацијата на овој минерал во коските е многу висока во споредба со другите ткива и се смета за суштинска компонента
на калцифицираната матрица што ја дава структурата и цврстината на коскеното ткиво.
Влијание врз здравјето на мозокот
Цинкот исто така е доста застапен во мозочното ткиво, конкретно во мозочно стебло, амигдалата, хипокампусот и кортексот. Најважни придобивки за мозокот се невротрансмисијата на електричните импулси, ензимската активност, регулацијата на гените и структурното одржување и стабилизација на протеините. Поради неговата важна функција во невроните, интрацелуларните концентрации на цинк се цврсто регулирани. Тој го штити мозокот од токсични агенси и туѓи материи. При негов недостаток, пропустливоста на крвно-мозочната бариера се зголемува и се зголемува ризикот и изложеноста на мозокот на бактерии, вируси и токсични материи.
Придобивки од цинкот за кожата
Цинкот има значајни придобивки и за кожата. Го спречува создавањето на акни, помага да се спречи создавањето на лузни од изгорениците и оперативни зафати и со својот антиоксидантски капацитет и преку продукцијата на супероксид дизмутаза помага да се спречи предвременото стареење на кожата, помагајки ја продукцијата на колаген со што ја прави кожата помлада, поеластична и пожива.
Цинк и репродуктивно здравје
Цинкот неопходен за репродуктивното здравје и кај жените и кај мажите. Кај жените е потребен за балансирани нивоа на хормоните и развој на јајце клетки неопходни за здрава бременост, додека кај мажите е неопходен за сперматогенезата, односно продукцијата и развојот на сперматозоидите. Внесот на адекватни нивоа на цинк се значајна придобивка за репродуктивното здравје на мажите, бидејки при ниски нивоа доаѓа до намалување на квалитетот на спермата а може да доведе и до машка неплодност.
Улогата на цинкот во метаболизмот
Цинкот, игра улога во правилното функционирање на метаболизмот на липидите и гликозата, регулирајќи го создавањето и ослободувањето на инсулинот. Во бројни студии, е откриено дека суплементацијата го подобрува и крвниот притисок, нивото на гликоза како и нивото на серумскиот ЛДЛ холестерол.
Препорачана дневна доза цинк
Дневната потреба на луѓето варира во зависност од возраста, полот и здравствената состојба на луѓето. Поради оваа причина, луѓето кои имаат недостаток на цинк или кои сакаат да научат колку им треба треба да се консултираат со доктор или нутриционист. Препорачана доза кај бебињата до 6 месеци е 3 мг, кај бебиња од 7 до 12 месеци е 4/5 mg на ден, деца од 2 до 7 години 8 до 10мг, кај возрасните 12-13мг на ден, иако овие вредности може да варираат зависно од надлежната институција, а краткотрајно, периодично за потребите на зајакнување на имунитетот или други функции кај возрасните лица може да се внесуваат и до 40мг цинк на ден.
До што доведува недостатокот на цинк?
Недостатокот на цинк предизвикува намалено производство на тестостерон во телото и намален квалитет на сперма, односно ризик од нплодност. Може да доведе и до губење на косата, влошување на квалитетот на ноктите, болести на очите и намалена продукција и функција на инсулинот и влошена регулација на шеќерот како и чести настинки и вирози. Затоа е важно редовен внес на храна богата со овој минерал а со тоа, зависно од потребата, пред се заради одржување на добар имунитет, репродуктивно здравј и регулација на метаболизмот на шеќерот и користење на додатоци на исхраната кои содржат цинк!
Leave a Comment