Придобивки од пиењето Алое вера
Сокот од алое вера се добива од растението алое вера, кое се користи во многу области кај нас. Ова растение е толку корисно и лековито што се користи на различни начини за стекнување здравје од глава до пети. Во студиите за алое вера, утврдено е дека сокот од ова растение има многу придобивки за нашиот организам. Сокот од алое вера е богат извор на антиоксиданси кои помагаат во борбата против супстанциите кои влијаат на имунолошкиот систем. Ова е ефикасно за намалување на стресот во телото и за намалување на ризикот од хронични состојби како што се дијабетес, срцеви заболувања, па дури и рак. Сокот од алое вера содржи високи нивоа на магнезиум, кој е витален хранлив елемент за употреба на нервите и мускулите. Магнезиумот му помага на телото преку повеќе од 300 различни ензимски реакции, вклучувајќи ги и оние кои го регулираат крвниот притисок. Затоа денес се повеќе расте потрошувачката на производи од алое вера.
Поставете реални очекувања
Краткорочни ефекти – што да очекуваме
Благопријатното дејство на алоето може да се почувствува во краток период дури и после само една употреба. Тоа ќе помогне да се смири мачнината, да се намали интензитетот на болката и да се намалат иритацијата, печењето и жарењето во стомакот, исто така со само неколку употреби може да го олесни празнењето на цревата. Доколку гелот се нанесува на кожата, тој инстантно може да ја смири зацрвенетата, иритирана или изгорена кожа, или кожа со воспаление и дерматитис, создавајки и заштитна бариера против штетните надворешни влијанија.
Долгорочни ефекти од земањето Алое Вера
Доколку се зема редовно гелот од Алое Вера навистина ќе даде долготрајни, одржливи ефекти. На пример при продолжена употреба тоа може да ја спречи појавата на повторувачки инфекции со Хеликобактер Пилори, да ги зацели улкусит (чиревите) во стомакот или дванаесетпалачното црево да го смири гастритисот и да го подобри варењето на храната, како и редовното и навремено празнење на цревата. Секако долгорочната употреба на алое вера дава придобивки и во зајакнување на имунитетот, подобра регулација на мастите и шеќерот во организмот, подобра детоксикација, намалување на алергиите, а ако се користи за надворешна употреба дава значително подобрување на здравјето на кожата, подобрена хидрираност и намалување на појавата на брчки.
Избор на висококвалитетни производи со Алое Вера
Гелот од листовите на растението Алое Вера со векови се користело како лек и мелем за третман на многу болести. Со добивањето на научна потврда за здравствените придобивки на гелот од алое, согласно истражувањата од последните децении, расте и понудата на додатоци на исхраната и функционални напитоци на база на гел од алое вера. Анализирајки ја достапната понуда, стручниот тим од нутриционисти, доктори, фармацевти и технолози, за развој на производи во Натура Терапи, ја создаде формулата за АЛОЕ ВЕРА гелот со Аронија, кој е направен од најквалитетно сертифицирано органско алое од видот Barbadensis Miller, содржи дури 99,5% концентриран гел од алое, збогатен е со сертифицирана органска аронија и витамин C и има научно докажано антиоксидативно дејство. Можете да го најдете во продажните салони на Натура Терапи или онлајн преку Naturatherapy.mk.
Дозирање и начин на примена на Алое вера
Зависно од здравствената состојва и потреба, употребата на алоето може да биде со различна фреквенција, од која зависат и очекувањата за придобивките. Но, генерално може да ги дадеме следните препораки:
Недела 1: Полнење на телото - за најголем ефект во текот на првата недела најдобро е да се зема барем 3 пати на ден (пред секој оброк) по 20-30мл алое вера. Во одредени случаи, кај пациенти со рак и други тешки заболувања дури може да се зема и до 150мл на ден.
Недели 2-4: Постепено прилагодување - по иницијалниот ефект, веќе може да се намали дозирањето и првиот месец да се користи 2 до 3 пати на ден, пред оброк по 15 до 20мл.
Недели 5-12: Внатрешно исцелување и рамнотежа - во текот на вториот и третиот месец веќе се чувствуваат големи придобивки на алоето. Доколку се работи за акутна инфекција тогаш, со цел да се спречи повторување добро е да се користи во мала доза, 10 до 15мл на ден барем 2 пати на ден, додека кај хронични состојби добро е да се продолжи со употребата барем на 15мл алое вера гел 2 до 3 пати на ден.
Месеци 3-6: Длабока исхрана и виталност на телото - кај хронични болести, кај лица со малигни состојби, особено по примањето на терапија како и за потребите на одржување на добра дигестивна функција, добар имунитет и детоксикација убаво е да се продолжи употребата до 6 месеци, а препораката е да се употребува барем 10-15мл 2 пати на ден, секогаш на празен стомак. Употребата и на поголеми дози нема да даде никакви несакани ефекти и е пожелна кај лица со доста слаб имунитет или повеќе хронични состојби.
Колку време е потребно и дали е неопходна пауза?
Гелот од Алое може да се пие контунуирано, под услов да се применуваат препорачаните дози. Не е потребно да се прави пауза и при контролирана употреба нема да даде несакани ефекти. Секако важно е да се избере производ кој е регистриран, безбеден за употреба и на кој му верувате. За одржување на исправноста важно е по отварањето да се чува во фрижидер бидејки во несоодветни услови лесно може да се расипе.
Leave a Comment