Што е куркумин?
Куркуминот е супстанца која се наоѓа во куркумата, која е меѓу растенијата добиени од ѓумбир. Оваа супстанца, која често се консумира во земји како Индија и Кина, му дава боја на растението куркума. Растението, кое обично се користи како зачин, можете да го консумирате на различни начини. Оваа супстанца, која е меѓу растителните видови со антиоксидантно дејство, има многу придобивки за телото и кожата. Исто така можете да ја консумирате и како храна, која го чисти телото од токсини и зајакнува многу функции.
Научно докажани придобивки од употребата на куркумин
Како резултат на бројни квалификувани клинички истражувања, утврдено е дека куркуминот дава големи придобивки за општото здравје на телото и мозокот. Тој делува како природен антиинфламаторен лек, содржи биоактивни компоненти важни за здравјето, го намалува оксидативниот стрес со високата содржина на антиоксиданс, помага во спречување на карцином, ги зајакнува когнитивните функции и штити од заболувања поврзани со мозокот, обезбедува заштита од кардиоваскуларни заболувања, ефикасен е во спречувањето на Алцхајмеровата болест, придонесува за превенција и борба против депресијата, помага во спречување на проблеми поврзани со стареењето и поддржува третман кај пациенти со артритис.
Влијанието на куркуминот врз хроничните болести
Куркуминот е природен антиинфламаторно средство. На овој начин го забрзува заздравувањето на болестите и го олеснува процесот на лекување на хроничните инфламаторни заболувања. Содржејќи антиоксидантни компоненти, куркумата го штити телото од кардиоваскуларни и невролошки заболувања, рак и артиритис.
Кардиоваскуларни заболувања
Куркуминот има заштитен ефект врз кардиоваскуларниот систем и кардиоваскуларните заболувања, особено срцев удар, срцева слабост и атеросклероза (артериосклероза). Тој го создава овој ефект со потиснување на оксидативниот стрес, воспалението и реактивните видови кислород.
Невролошки заболувања
Утврдено е дека компонентите во структурата на куркумата го зголемуваат нивото во крвта на невротрофичниот фактор добиен од мозокот, еден вид на хормон за раст кој до одреден степен поддржува поправка и пролиферација на невроните во мозокот. Ова покажува дека куркуминот обезбедува и заштитен ефект против многу психијатриски и невролошки болести како депресија и Алцхајмерова болест. Го поддржува развојот на интелигенцијата кај децата и ја зајакнува меморијата и когнитивните функции.
Артирит
Ревматоидниот артритис е вид на болест која предизвикува воспаление на зглобовите и е доста честа појава во западните земји. Кај оваа болест каде што има постојано воспаление, куркуминот, кој е силен антиинфламаторен, дава значителна придобивка преку поддршка на третманот и ублажување на симптомите. Некои научни студии нагласуваат дека суплементацијата на куркумин може да биде поефикасна од третманите со антиинфламаторни лекови кај пациенти со артритис. Затоа, на пациентите со ревматоиден артритис може да им се советува да консумираат куркума ако се консултираат со нивните лекари.
Рак
Познато е дека куркуминот има висока содржина на антиоксиданси и хранлива вредност, и има важни придобивки во спречувањето на ракот и поддршката на лекувањето на ракот. Куркуминот е многу ефикасен кај многу видови на рак, особено кај колоректалниот карцином, во смисла на уништување на клетките на ракот, спречување на растот на туморите, спречување состојби како што се ангиогенеза (формирање на крвни садови во туморите) и метастази (ширење на ракот на различни ткива и органи).
Споредба на куркумин со традиционални третмани
Куркумата е позната од 4000 година п.н.е., а првите споменувања на ова растение потекнуваат од древните ајурведски текстови кои опишуваат историски систем на алтернативна медицина во јужноазискиот регион. Во ајурведската медицина, куркумата се применувала орално како дигестивен агенс кој ја спречува дебелината, ги ублажува гасовите и се бори против паразитите. Покрај тоа, се користела и во многу други состојби, како што се респираторни нарушувања и нарушувања на црниот дроб, ревматизам, нередовна менструација, камења во жолчката или дури и обична настинка. Од друга страна, куркумата се користела и локално при различни кожни заболувања.
Вклучување на куркумин во секојдневниот живот
Можете да го вклучите куркуминот во вашата исхрана преку додатоци, како што е нашиот додаток во исхраната Curcumactiv, кој можете да го најдете во нашите продажни салони или да го нарачате онлајн преку Naturatherapy.mk или со готвење со куркума. Додавањето куркума во јадења како што се кари, супи и ориз или правење пијалоци со куркума, како златно млеко и чај од куркума, може да ви помогне да ги искористите когнитивните придобивки од куркуминот. За да ја зголемите апсорпцијата на куркуминот користете го заедно со пиперин, кој изобилно се наоѓа во црниот пипер, и може да ја зголеми апсорпцијата на оваа состојка во телото до 2000%. Затоа, додатоците на куркума генерално вклучуваат пиперин за да ја максимизираат неговата употребливост во телото.
Моќта на куркуминот
Куркуминот доби важност благодарение на неговите моќни антиоксидантни, антиинфламаторни, невропротективни и антиканцерогени својства, исто така и својството против анти-стареење. Денес имате голем избор на лекови, таблети и сирупи кои во својот состав содржат куркумин. Куркуминот нема чести несакани ефекти освен што може да предизвика стомачни тегоби, гадење, вртоглавица и дијареа кај некои луѓе кои го имаат надминато препорачаниот дневен внес на крукума.
Leave a Comment