Prostatol Complex
- Природно решение за заштита на простатата и најдобра формула за поддршка на зголемената простата
- Уникатно синергистичко дејство на дури 7 активни состојки
- 100% природен состав, не содржи ГМО, глутен, соја, ни млеко
- Над 10.000 задоволни корисници потврдија дека помага во елиминација на симптомите на зголемена простата
- Безбеден и без несакани ефекти и при продолжена употреба
Одберете количина
- Залиха: Во залиха
- Модел: Мега Мултивитамин
MEGA MULTIVITAMINS е додаток на исхраната со витамини и минерали, кој е збогатен со комплекс од растителни екстракти и медицински печурки и е наменет за подобрување на нивото на енергија, одржување на метаболизмот и виталноста на организмот.
- Содржи мега дози на 12 витамини и 4 минерали;
- Збогатен со 8 растителни екстракти од овошје и зеленчук и екстракти од 5 медицински печурки;
- Уникатна течна формула со Piperin - екстракт од црн бибер, за полесна примена и подобрена апсорпција;
- Одличен вкус;
- Не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;
- Во пакување од 500 и 250мл (PET амбалажа);
- Достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.
Дали и вие ги чувствувате последиците на стресот и брзото темпо на живот?
- Постојано сте уморни и ви недостига енергија?
- Имате слаба продуктивност и тешко се фокусирате?
- Ви недостига сила да бидете физички активни?
- Честопати сте болни или настинувате?
- Се чувствувате безживотно и остарено?
Сите овие симптоми укажуваат на недоволна продукција на енергија во телото, слаб и нефункционален метаболизам. Доколку не ги обезбедиме и внесеме сите неопходни нутриенти во телото, не може да очекуваме дека ќе ја имаме енергијата и виталноста потребни за здрав и активен живот! Брзото и модерно темпо на живот со многу стрес го пореметува метаболизмот и наметнува лоша, неквалитетна исхрана која доведува до континуиран недостаток на клучни нутриенти неопходни за оптимална продукција на енергија и одржување на виталноста на организмот. [1, 2]
Ваквата состојба на долг рок го истрошува телото, го ослабнува организмот и доведува до развој на болести и предвремено стареење!
ЕФИКАСНО ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА ОБНОВА НА ЕНЕРГИЈАТА, ВИТАЛНОСТА И МЛАДОСТА!
Зошто MEGA MULTIVITAMINS?
- Помага во зголемување на енергијата и силата;
- Придонесува за одржување на виталноста и младоста;
- Помага во подобрување на крвната слика и заштитата од анемија;
- Помага во одржување на здравјето и виталноста на органите;
- Придонесува за одржување на имунитетот и отпорноста на организмот кон инфекции;
- Ја стимулира детоксикацијата;
- Ја подобрува концентрацијата и фокусот и когнитивните способност;
- Ги одржува здрави срцето и крвните садови, црниот дроб, цревата и другите органи;
- 100% природен, безбеден и без несакани ефекти и при продолжена употреба. [1, 3, 4]
Предности на MEGA MULTIVITAMINS
Денес огромни концентрации на токсични материи од средината, воздухот и храната влегуваат во нашето тело, ги оштетуваат клетките и го нарушуваат метаболизмот. Исто така, примената на модерни практики во земјоделството, како што се хибридизацијата, оранжериското одгледување, а најмногу од се употребата на пестициди и загадувањето на воздухот и водата за наводнување, се причина за уништување на хранливите материи во почвата што значително ја намалуваат концентрацијата на минерали и продукцијата на витамини и други микронутриенти, како на пример антиоксидансите во храната. [2]
Земејки ги во предвид овие факти, модерните услови за живот и анализирајки ја постоечката пазарна понуда го создадовме MEGA MULTIVITAMINS кој:
- Содржи комбинација на 12 есенцијални витамини и 4 минерали;
- Со појачани дози согласно актуелните потреби на живеењето;
- Го збогативме со екстракти од зеленчук, овошје и медицински печурки;
- За ефикасна и сеофатна подршка на здравјето, подобрување на енергијата и виталноста и спречување на предвременото стареење.
Состав:
Витамин А – е потребен за одржување на добар вид, раст, развој и диференцирање на клетките и телото, имуна функција и др.
Витамин D – овој витамин/хормон овозможува регулација на метаболизмот (апсорпцијата и искористувањето на калциумот и фосфорот), потребен е за здравјето на коските, функцијата на мускулите, регулација на имуната функција, балансирање на невротрансмитерите, однесувањето и др.
Витамин E – делува антиоксидативно (помага во неутрализирање и уништување на слободните радикали), ги штити клеточните мембрани, добар е за кожата, очите и имуна функција.
Витамин B1 – неопходен е за продукција на енергија и правилна функција на мускулното и нервното ткиво.
Витамин B2 – помага во генерална регулација на клеточниот метаболизмот, квалитетот и кислородниот капацитет на крвта, здравјето на очите, кожата и нервниот систем.
Витамин B3 – помага во регулација на нервниот систем и мозокот, кардиоваскуларниот систем, крвта и кожата.
Витамин B5 – потребен за продукцијата на невротрансмитери, хормони (работата на ендокриниот систем) и хемоглобин.
Витамин B6 – вклучен е во функцијата на нервите и мозокот, продукцијата на хемоглобин и антитела од страна на имуните клетки.
Витамин B7 – потребен за здрави нокти, кожа, коса и метаболизмот на мастите.
Витамин B9 – неопходен за развој на нервното ткиво и мозокот и клеточниот метаболизам во целина.
Витамин B12 – потребен за регулација на метаболизмот и продукцијата на енергија во целина, како и продукцијата на црвени крвни клетки.
Витамин C – антиоксидант, потребен за метаболизмот на железо, функцијата на имуните клетки и поддршка за растот и обновата на различни ткива (сврзно ткиво/колаген) во телото.
Магнезиум – основен електролит, влегува во состав и потребен е за функција на мускулното ткиво (релаксација на мускулни влакна), влегува во состав на коските, помага во пренос на електрични импулси, правилна срцева работа, релаксација на крвните садови, имунитетот и др.
Железо – влегува во состав на хемоглобинот (протеин кој го врзува и транспортира кислородот во крвта) и игра улога во продукцијата на енергија.
Селен – антиоксидант кој ги наутрализира слободните радикали, помага во справување со стрес, важен е за метаболизмот на тироидна жлезда (конверзија на Т4 во Т3) и др.
Хром – учествува во метаболизмот/искористувањето на мастите и јаглехидратите, ја подобрува ефикасноста на инсулинот и искористеноста на шеќерот од страна на клетките.
ДНЕВЕН ЗЕЛЕН МИКС - Екстракти од Спирулина (Arthrospira platensis), Зелен чај (Camellia Sinensis), коприва (Urtica dioica L.) и Алое Вера (екстракт 100:1) (Barbadensis Miller) – кои содржат уникатни, многу важни микронутриенти и антиоксиданти кои се клучни во правилната регулација на метаболизмот, смирување на воспаленијата и ефикасна детоксикација.
АНТИОКСИДАНТСКИ МИКС - Екстракти од Црно Гоџи (Black Goji Berry), калинка (Punica granatum L.), домат (Solanum lycopersicum) и Цитруси (плод)(Citrus L.) – полни со широк спектар моќни антиоксиданти кои го спречуваат оксидативниот стрес, главна причина за оштетување и старење на клетките, со што помагаат во одржување на младоста и виталноста на телото.
МЕДИЦИНСКИ ПЕЧУРКИ - Екстракт од Шитаке
(Lentinus edodes), Реиши (Ganoderma lucidum), Чага (Inonotus obliquus), Кордицепс (Cordyceps Sinensis) и Лавовска грива (Hericium erinaceus) – медицинските печурки со векови се користеле во традиционалната Азиска медицина за одржување на здравјето и долговечноста. Тие помагаат во регулација на стресот, опуштање на телото, правилната
имунолошка функција и заштитата од рак и одржување на здравјето и функцијата на кардиоваскуларниот,
нервниот систем, дигестивниот систем и црниот дроб.
Мери Златановска: После 2 недели користење на Мегамултивитаминс мене ми се врати енергијата, се почуствував многу подобро, многу повитално и имав желба дополнително да излегувам и да си ги извршувам сите мои обврски.
Ангел Ѓорѓиевски: Откако почнав да го користам Мегамултивитаминс многу се осеќам повитален, посвеж за работа, појак и поиздржлив.
Начин на употреба:
- Употреба: 15 до 20мл, 1 до 2 пати на ден, по оброк.
- Напомена: Производот е наменет за возрасни и деца над 15 години. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Пред употреба да се промеша.
- Безбеден е за долгорочна употреба.
- Позитивни ефекти од употребата насирупот MEGAMULTIVITAMINS, во подобрување на енергијата и виталноста на организмот може да се почувствуваат по само една недела употреба.
Референци:
- 1. Awuchi Godswill Godswill et al. Health Benefits of Micronutrients (Vitamins and Minerals) and their Associated Deficiency Diseases: A Systematic Review, International Journal of Food Sciences, 2020.
- 2. Anne‐Marie Mayer, Historical changes in the mineral content of fruits and vegetables, British Food Journal, July 1997.
- 3. Henry C Lukaski, Vitamin and mineral status: effects on physical performance, Nutrition, JUly-August 2004
- 4. Charanjit Kaur, Harish C. Kapoor, Antioxidants in fruits and vegetables – the millennium’s health, Food Science + Technology, July 2008.